X
 08.11.2017 Технологија

Твитањето станува полесно

Автор: Aliza Rosen, Product Manager, @alizar

Во текот на септември Тwitter тестира зголемен лимит на бројот на карактери достапни за пишување твитови со цел да им даде можност на корисниците појасно и полесно да се изразат во еден твит. Нашата цел беше да го направиме ова возможно, но притоа да го задржиме кусиот и прецизен начин на комуницирање што го прави Twitter, Twitter. Денес имаме чест да споделиме дека оваа цел е постигната и ќе биде имплементирана на сите јазици во кои ова oграничување претставуваше проблем.

Во првите денови од тестирањето повеќето од луѓето споделуваа твитови што достигнуваа до 280 карактери, но подоцна овој процент се намали. Заклучивме дека кога луѓето имаат можност да искористат повеќе од 140 карактери, твитаат полесно, но и почесто. Она што е навистина многу важно да се напомене е дека во поголемиот дел од времето твитовите на корисниците беа под 140 карактери, што значи дека кусиот и прецизен начин на комуницирање на Twitter се задржа.

За клучните информации може да прочитате подолу, а за целосниот процес на истражувањето и деталната анализа на податоци може да прочитате на нашиот блог.

Полесно твитање

Досега 9% од твитовите на англиски јазик го достигнуваа максималниот број на карактери. Ова ја рефлектира потребата корисниците постојано да ги адаптираат своите мислења со цел појасно да се изразат во еден краток твит, при што поголемиот дел од времето се посветува на корекции, а понекогаш доаѓа и до повлекување на одлуката за објава на самиот твит.

Со зголемениот лимит на дозволени карактери овој проблем е елиминиран – бројот на твитови што го достигнаа максималниот број на карактери се спушти до 1%. Заклучокот беше дека корисниците поминуваат помалку време во коригирање на твитот. Зголемениот лимит на дозволени карактери им помогна на корисниците појасно да го искажат своето мислење или став во твит, како и да го составуваат побрзо од претходно. Сето ова директно е прикажано на графиконот подолу.



Задржување на кусиот и прецизен начин на комуницирање на Twitter

Ние – а и многу од вас – бевме загрижени дека времепловот на Twitter ќе биде преполнет со твитови од 240 карактери, а корисниците што имаа можност да ја искусат промената со зголемениот лимит ќе го искористат максималниот број на карактери во секој твит. Но, тоа не се случи. Само 5% од твитовите беа подолги од 140 карактери, а само 2% беа над 190 карактери. Како резултат на ова, вашето искуство на Twitter нема да се промени бидејќи сѐ уште ќе гo гледате истиот број на твитови. Освен тоа, на времепловот на Twitter, твитовите во кои е вклучена слика или анкета вообичаено заземаат повеќе простор во споредба со еден твит од 190 карактери.

Важно е да се напомене дека на самиот почеток возбудата на луѓето околу новата промена беше голема, со што повеќето од нивните твитови беа над 140 карактери. Некои од корисниците пишуваа и само еден карактер во една линија, со цел твитот да изгледа визуелно поголем. Но, ова беше привремено и не траеше долго. Истото го очекуваме и по официјалното додавање на оваа опција кај сите корисници.

Engagement (Интеракција)

Корисниците што ја имаа можноста да пишуваат твитови до 280 карактери добиваа повеќе импресии (Likes, Retweets, @mentions), како и следачи, но поминуваа и повеќе време на Twitter. Освен тоа, тие изјавија и дека зголемениот бројот на дозволени карактери за пишување твитови ги прави позадоволни од начинот на кој можат да се изразат на Twitter.

Причината поради која се одлучивме за оваа промена беше да го разрешиме проблемот што постоеше во нашата глобална заедница (не беше лесно да се твита!), при што се спороведе детално истражување oд кое добивме корисен фидбек. Секако дека и понатаму ќе продолжиме да вложуваме максимален напор и енергија со цел да го направиме Twitter уште полесен за користење, а притоа да го задржиме концептот што го сакаат корисниците.

*Лимитот од максимум 140 карактери останува кај Јапонците, Корејците и Кинезите бидејќи во нивното говорно подрачје ова ограничување не претставуваше проблем. Всушност, тие отсекогаш имаа можност да пренесат поголем број информации во 140 карактери поради нивното знаковно писмо. Прочитајте повеќе информации околу ова истражување овде.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија