X
 16.06.2018 Живот

Што да направите наместо да им забранувате на децата да користат социјални медиуми?

Кога би имале магично стапче, дали би му забранило на вашето дете да го троши своето време на социјални медиуми? Ако одговоривте потврдно, не сте единствените.

Лошите последици од прекумерното зјапање во екраните и другите ризици поврзани со социјалните медиуми се доволно сериозна причина за некои родители да им забранат на нивните деца да ги користат. Се разбира дека сите родители го сакаат најдоброто за нивните деца, но треба да се внимава социјалните медиуми да не станат забрането овошје. Еве зошто забраната е лоша идеја и што треба да направите наместо тоа.

Малдите секогаш ќе најдат начин како да бидат чекор напред пред родителите. Тие самите си зборуваат за тоа:

-Мајка ми ми дозволи да користам „Инстаграм“, но не знае за мојата „Финста“. (Втор профил на „Инстаграм“ кој тинејџерите го користат за да се скријат од родителите и да споделат поискрени фотографии)

-Моите родители редовно ми го преглеуваат телефонот, но не знаат за мојата „decoy“ апликација. (Децата преземаат апликации како „Calculator%“ и „Audio Manager“, кои ниту сметаат ниту ја контролираат јачината на звукот. Откако ќе внесат код, децата можат да ги сокријат нивните фотографии и видеа, тајно да телефонираат и да пишуваат, сѐ во самата апликација)

-Направив профил на „Инстаграм“ и мајка ми не знае за тоа, инаку ќе полуди. (Иако многу платформи бараат корисниците да имаат најмалку 13 години за да направат профил, на секој кој сака да направи профил, потребни му се две нешта: пристап до интернет и електронска пошта).

Лекцијата? Децата никогаш нема да престанат да мигрираат во нови апликации кои не им се познати на родителите. Забранувањето на социјалните медиуми едноставно не е реалистично.

Често фокусот се става на стапиците по социјалните мрежи, па бенефитите како градењето односи со пријатели и идни работодавци, поддршката на каузи и други нешта се занемаруваат. Не само што учениците можат да ги користат социјалните медиуми за да го зајакнат успехот, туку тоа и се повеќе ќе се очекува од нив. Според една студија од 2017 година направена од страна на „Career Builder“, а во која учествувале повеќе од 2.300 менаџери за вработување, повеќе од половина од менаџерите не би интервјуирале некој кого не можат да го најдат на интернет.

Со тоа што ќе ги научат децата здраво да ги користат социјалните медиуми, родителите можат да им помогнат тие да ја земат интернет репутацијата во свои раце и да следат позитивни модели кои можат да ги истуркаат до нивните цели.

За разлика од правилата, кои го забрануваат негативното однесување, стандардите охрабруваат позитивно однесување и отворени односи полни со доверба. Кога група луѓе - фамилија - ќе се согласат да живеат според истите стандарди, тие се одговорни едни пред други.

На пример, минувањето на време пред екран. Возрасните често се жалат дека тинејџерите премногу време минуваат зјапајќи во нивните уреди. Всушност, студија на „Common Sense Media“ од 2017 година покажува дека возрасните секој ден минуваат по 26 минути повеќе пред екран за разлика од децата на возраст од 8 до 18 години. Децата не можат да бидат нешто што не го виделе.

Дефинирањето на социјалните стандарди на вашата фамилија е првиот чекор кон позитивно користење на социјалните медиуми. И треба да бидете свесни дека децата ќе забележат ако не ги почитувате нештата на кои сте се согласиле. Помогнете си едни на други преку потпишување на договор. Да, и родителите потпишуваат.
  • Кога сите ќе ги тргнат малите екрани настрана? Во 20 часот? Кога се разговара? Кога се вози?
  • Колку често ќе ги менувате лозинките?
  • Кои се вашите стандарди за постирање? Ќе се согласите ли да не постирате засрамувачки или несоодветни фотографии и видеа од вас или од други луѓе?
Како да се помогне?

Деновиве, дури и малите деца знаат да пуштат апликации и игри, кои стануваат дел од нивното детство. А на децата на различна возраст им требаат различни количини и видови на насоки или совети. Разговарајте со нив и дискутирајте и за тоа што можат, а не само за она што не можат да го постираат на социјалните мрежи. Заменете го она „не постирај нешто што не би сакал баба ти да го види„ со „постирај нешто што го претставува твојот карактер и твоите вредности“.

Лаура Тиерни, експерт за социјални медиуми и основач на „Социјалниот институт“, која им помага на тиннејџерите да ги користат социјалните медиуми и технологијата на корисни и позитивни начини, смета дека забраната за користење на социјалните мрежи може да е лесен чекор за родителите, но децата тоа може да значи испуштање на некои нешта.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот