X
 17.02.2016 Култура

Кои дефицитарни професии се бараат ширум светот?

Работодавците ширум светот оваа година се соочуваат со потешкотии во пронаоѓање на потребен персонал, а просечно дури 38% од нив во 40-тина земји, опфатени во анкетата, истакнуваат дека се соочуваат со ваков проблем.

 

profesii


Според истражувањето направено од агенцијата за привремено вработување „Menpower“, со најголем недостаток на талент се соочуваат работодавците во Јапонија, додека стапката е најниска во Шпанија и Ирска, вели истражувањето.

Резултатите не се изненадувачки доколку се земат во предвид резултатите од истражувањето направено минатата година. „Menpower“ секоја година прави ваков вид на истражување, а резултатите од 2008 година горе-долу се слични. Тоа покажува дека во земјите кои имаат недостаток на персонал, овој проблем е од хронична природа.

Според истражувањето на агенцијата, во просек 38% од работодавците во земјите опфатени во истражувањето имаат проблем со недостатокот на кадри.

Ситуацијата е најкритична во Јапонија, каде со овој проблем се соочуваат околу 83% од работодавците. После нив се наоѓа Бразил со 68%, Индија и Турција со 61% и Хонг Конг со 58%% од работодавците на кои им недостасуваат соодветни кандидати за работа.

Што се однесува до германските работодавци, 39% од нив имаат потешкотии со недостигот на квалификуван персонал, додека Кина и Америка со 35%.

Македонија не бешее опфатена во истражувањето.

Членките на ЕУ, Бугарија и Романија исто така се борат со недостаток на соодветен кадар, па дури 54% од тамошните работодавци едноставно немаат кого да вработат. Во Хрватска изнесува 52%, додека најмал проблеми имаат словенечките работодавци, каде секој четврт има потешкотија во пронаоѓање на соодветен кандидат за вработување.

Што се однесува на крајот на листата, тука се наоѓа Ирска - само 3% од работодавците таму имаат проблем со недостиг на талентот. Слично е вао Шанија, Словачка, Велика Британија, Холандија и Јужна Африка.

10-те професии за кои е најтешко да се пронајдат кандидати, според резултатите од истражувањето се:

1. Стручни трговски работници
2. Инженери
3. Претставници на продажба
4. Техничари
5. Професионалци во областа на сметководството и финансиите
6. Менаџмент и управувачки функции
7. IT инженери
8. Возачи
9. Секретари и административен персонал
10. Физички работници

Како најчеста причина за овој проблем е недостатокот на техничка компетентност која е убедливо најзастапена причина, далеку пред проблемите како што се работно искуство и стекната квалификација или пак високите очекувања на кандидатот.

Проблемите во пронаоѓањето на посакуваните кадри се зголемува со големината на компанијата, истакнува „Menpower“.

Во Франција секој трет работодавец (29%) има потешкотии при вработувањето и тоа воглавно тоа се појавува кај професии како занаетчии и квалификувани работници, возачи и административен персонал. Овој процент е поголем во споредба со минатата година, кога 21% од нви изјавиле дека имаат таков проблем.

Одговорните од компанијата „Menpower“ групата истакнуваат дека пред компаниите е голем предизвик овој проблем да го решат со организирање на кратки курсеви или обуки за профилите за кои имаат потреба.

Истражувањето опфатило 41.748 работодавци од 42 земји низ светот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура