X
 18.09.2022 Живот

Банката „Ситигруп“ нуди канцеларија на плажа - платата е пониска, но интересот е прилично голем

Додека некои банки на Волстрит водат битка за враќање на своите вработени во канцелариите во Лондон и во Њујорк, банката „Ситигруп“ се обидува со нешто ново - канцеларии на плажа.

Банката отвори нов центар за помлад персонал во приморскиот град Малага, на шпанскиот регион Коста дел Сол. Покрај сонцето, на вработените им е ветен одмор од традиционално исцрпувачките часови што ги наметнува индустријата.

Иако платите се пониски, повеќе од 3.000 луѓе се пријавија за ова работно место. Банката досега има ангажирано 27 лица за 30 отворени работни позиции, што значи дека се останати уште три. Групата е составена од членови на возраст од 22 до 26 години, од 22 земји и зборуваат на 15 различни јазици.

plaza
Фото: Freepik

Персоналот што ќе биде лоциран во Малага ќе има осумчасовна работна недела за околу половина од почетната плата од 100.000 долари (годишно) што се нуди за истата работна позиција во Лондон и во Њујорк.

Според една веб-страница за кариера, инвестициските банкари во Лондон вообичаено работат 65-70 часа неделно во помирни периоди, иако може да достигнат до 100 часа во периоди кога има потреба.

Банката првпат го објави планот во март и вели дека тој треба да ѝ помогне да го намали обртот и да привлече нови луѓе во индустријата.

Извор: ВВС
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот