X
 22.05.2016 Култура

Како еден практикант ја создал најпопуларната компјутерска игра?

Доколку сте минувале часови играјќи „Дама“ на „Microsoft windows“, треба да му бидете благодарни на еден поранешен практикант.


 За време на летото во 1988, Вес Чери бил на пракса во „Microsoft“ и забележал дека компјутерите во компанијата немаат игри со карти како тие вклучени на компјутерите на „Apple“. Тој се потрудил да го смени тоа.

Чери полека започнал да пишува код за играта „Дама“. Неговата тогашна девојка, Лесли Кој, му помогнала со дизајнирање на картите. Дизајнерката Сузан Кер била одговорна за дизајнот на остатокот.

Откако ја завршил играта, Чери ја оставил на заеднички сервер за да ја користат другите. Чери напишал на „Редит“ дека во тоа време, компанијата имала интерен сервер каде вработените и практикантите се забавувале хакирајќи го „Windows“.

Програмски менаџер за „Windows 3.0“ ја забележал играта на серверот и одлучил да ја додаде во официјалната верзија од оперативниот систем. Играта била пуштена во употреба во мај во 1990 и станала популарна веднаш.

За жал, Чери не добил ниту денар за играта, но тоа не му смета бидејќи компанијата му кажала дека нема да му плати за тоа. Тој знаел дека луѓето ќе ја користат оваа програма за одложување на работата. Тој вклучил и „шеф-копче“ кое корисниците би можеле да го притиснат за да се вратат на работниот екран, но компанијата го отстранила тоа.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура