Често не сме ни свесни колку би можеле да научиме и колку би биле успешни кога не би се фокусирале на науспесите и проблемите. Поранешниот инженер на НАСА и ѕвезда од „Јутјуб“, Марк Робер, користи една позната игра за да нагласи колку процесот на учење може да биде поразличен за да го промениме начинот на набљудување на нештата, а за целото нешто смислил и интересно име - Супер Марио ефект.
Фото: Pixabay
Станува збор за многу едноставн идеја - ако се фокусирате на принцезата, а не на препреките, ќе се држите до зададената цел и повеќе ќе научите. Според Марк, само со таков начин на размислување можеме да бидеме навистина успешни и да учиме во процес.
Сега сигурно си мислите дека ова е уште еден мотивациски говорник кој ви зборува никогаш да не се откажувате, но неговата теорија всушност е добро смислена и разработена. Имено, Марк смета дека би можеле многу повеќе да научиме и да оствариме многу повеќе успеси во животот кога не би ги доживувале толку трагично поразите и кога би биле фокусирани на тоа да се обидеме одново и да научиме нешто од претходниот пораз. Токму како што во текот на играњето на „Супер Марио“ одново и одново се обидувавте да го поминете нивото, попатно учејќи од секој пораз дека некаде има препреки кои треба да се прескокнете за да не го загубите животот, така би требало и во животот да ги набљудуваме нештата. Наместо тоа, луѓето често по еден неуспех стануваат целосно обесхрабрени, глупаво им е повторно да се обидат бидејќи се прашуваат што ќе се случи ако повторно не успеат и на крајот се откажуваат. Затоа што се фокусирале на препреките, а не на принцезата.
Марк наведува неколку примери од сопствениот живот кога се обидувал да направи нешто, но постојано наидувал на пречки - единствената причина зошто на крајот бил успешен било токму тоа што на неуспесите гледал како и на падот на Супер Марио во провалијата на 81. ниво. Да, не е пријатно, малку се заморуваш, но одиш понатаму и продолжуваш да се обидуваш, само по пат ќе научиш и дека на тоа место има провалија и следниот пат ќе ја прескокнеш. И знаете што? Со тек на времето се успева.
Меѓутоа, клучното нешто во Супер Марио ефектот и она што го прави поразличен од класичните ставови „немој да се откажуваш“ и „остани позитивен“ е фактот дека кога ќе почнете да размислувате на овој начин, неуспесите веќе нема да ви бидат нешто страшно што бара којзнае колку позитивен став за да продолжите понатаму, туку ќе почнете да ги прифаќате како нормална појава и искрено ќе сакате да продолжите да се обидувате. Исто како што детето кога се учи да оди паѓа илјада пати и по секој пад сака да стане и одново да се обиде. На детето не му е потребна некоја посебна мотивација. Не му треба некој да му каже „гледај на нештата од позитивната страна“ бидејќи детето едноставно сака да се обиде одново. Тоа е трикот - да го програмирате вашиот мозок да сака да се обидува одново и одново, а не да ги доживува препреките како губиток.
Во оној момент кога ќе успеете кон секој нов потфат да се поставите така што ќе ја гледате крајната цел и ќе заборавите на стравот од неуспех, ќе поченете да го чувствувате ефектот Супер Марио. Бидејќи во тој момент почнувате да учите многу повеќе - тогаш секој неуспех престанува да биде срам и станува можност за учење.
Погледнете го целото предавање на Марк и обидете се следниот пат кога ќе се соочите со пречка да помислите на Супер Марио.