X
 31.07.2016 Култура

Pokemon Go - Знак дека човештвото ја губи креативноста?

Културата моментално се враќа во иднината. Постои носталгија, но не се покажува знак за стопирање.


Популарната игра „Покемон гоу“ е технолошко надрадување на старите игри со карти, пишува „Телеграф“. Децата кои поминуваа долго време во детството „уживајќи“ во се' она што е „гик“ сега стигнаа да ја наследат земјата, а со тоа доаѓа и моќта за купување. Ова резултира во меѓународни филмски студиа, медиумски организации и музички имиња кои се борат да го привлечат нивното внимание.

Во меѓувреме, креативноста се исфрла од „забавната индустрија“ и се заменува со проекти кои сигурно ќе ја освојат публиката. Наместо оригинални приказни добиваме копии на класици.

„Телеграф“ пишува дека најкреативниот проект во моментов е „Preacher“, но и тој е основан на стрип од 1990-те години. Да не заборавиме и дека „Игра на престолот“, исто така е базирана на книга од 1990-те години.

„Ова не треба да се сфати како обид за засрамување. Јас сум исто виновен за уживање во носталгијата исто како и следниот лошо платен млад човек. Но ова го покажува нивото на инфатилност низ која поминала оваа генерација. Во нестабилен свет со се' помали плати, недопирливи цени на недвижности и нестабилна, непредвидлива полиика, многу е нормално луѓето да бараат помирување во познатото. Започнува да изгледа повеќе така; нашата култура станува музеј на самата себеси“, пишува Јанис Бабулиас.

Можеби сме на толку нестабилно место што измислувањето нешто креативно е лоша идеја, продолжува Бабулаис.

„Музеите се нешто специфично. Два вида цивилизации ги поседуваат - оние кои се на врвот на нивната моќ, покажувајќи богатство од целата империја и оние во пад. Најстариот музеј на светот бил направен пред околу 2.500 години. Изграден од Вавилонците, во него имало делови стари илјадници години, одејќи назад до почетоците на цивилизацијата. Тоа нуди и чувство на носталгија за луѓето кои стигнале до крајот на долга ера. Ако ни одговара оваа состојба на нашето културно производство, можеби треба да размислиме дали да ја започнеме да ја градиме сопствената“, заклучува тој.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура