X
 12.06.2024 Игри

Објавен трејлерот за играта „Индијана Џонс и големиот круг“

Ако сакате да избегнувате камења кои се тркалаат, се плашите од змии и верувате дека шапките никогаш не излегуваат од мода, тогаш „Индијана Џонс и големиот круг“ од „Машин гејмс“ можеби ќе ви ја заскокотка фантазијата.

Се работи за претстојната акциона авантура во која Инди повторно ќе треба да се справи со омразените окупатори. Поточно, со извесен нацистички психолог Емерих Вос, кој ќе се обиде да дојде до енергијата што доаѓа од т.н. „големи кругови“ - мистични локации низ светот кои заедно формираат совршен круг.

За среќа, Инди нема да мора сам да ги попречува ѓаволските планови на Вос, па новинарката Џина ќе му помогне во тоа како верен придружник во уште една епска авантура, за време на која ќе имате можност да ги видите Рим, Тајланд, Египет, Шангај и Хималаите...

Сите што се заинтересирани можат да го погледнат петминутниот трејлер кој бил објавен како дел од изложбата за игри „Х-бокс шоу гејм“.

 

Играта би требало да излезе оваа есен.

Извор: bug.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Игри