X
 23.05.2016 Технологија

Омилената страница на корисниците на интернетот

Обично, на „Википедија“ одиме кога сме љубопитни за нешто. Веројатно, голем дел од корисниците на интернетот ја отвораат оваа страна барем еднаш неделно, а некои и многу почесто.


„Википедија“ одамна е една од најпопуларните страници на интернетот, а ова се` уште е случајот, дури и со промената на начинот на кој ги добиваме информациите. Помеѓу мобилните страници, „Википедија“ е на престолот според популарност, сметаат авторите на нов извештај за начинот на кој луѓето добиваат информации на мобилните уреди.

Имено, извештајот открива дека луѓето поминуваат повеќе време на мобилната страница на „Википедија“ отколку било која друга страница за информации или вести. Просечниот корисник троши околу 13 минути месечно на „Википедија“. Си-Ен-Ен не е многу далеку, со 9 минути и 45 секунди месечно. „Базфид“ се наоѓа на третото место со 9 минути и 21 секунда месечно.

Според истиот извештај, „Википедија“ има една третина од целосната мобилна популарност секој месец. Оваа интернет-страница има над 52 милиони посетители секој месец, кога станува збор за добивањето информации преку мобилните уреди. Си-Ен-Ен добива помалку од половина од тоа - 21 милиони уникатни посетители. „Базфид“ има речиси 14 милиони месечни посетители.

Од „Википедија“ откриваат дека добиваат околу 15 милијарди прегледи месечно. Околу 7.000 нови текстови се отвораат секој ден, а секoја минута околу 5 нови страници. Секој час се уредуваат околу 15.000 страници. За да ја прочитате цела „Википедија“ на англиски јазик би ви биле потребни 21 години.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија