Интернет-страницата
Offpeak.io им овозможува на корисниците да најдат најевтино хотелско сместување. Со анализа на информациите во врска со градските случувања и активности, метеоролошка прогноза и достапноста на соби,
Offpeak пресметува кога се најголеми шансите хотелите да понудат попуст на цените за сместување.
Ако корисниците, на пример, бараат хотелски соби во Њујорк за септември, ќе забележат дека цените за сместување се многу поповолни на крајот од месецот, со оглед на тоа дека во средината од септември се одржуваат Модната недела и Општото собрание на Обединетите нации, а тогаш побарувачката е поголема од вообичаено.
Ако барате податок кои месеци се најевтини во годината, јануари и февруари секако дека се најповолни за посета на Големото Јаболко.
Страницата сè уште е во фаза на тестирање, па на располагање се анализи за 111 града во светот, но со текот на времето листата ќе се проширува. Во иднина преку оваа страница ќе може директно да се резервира сместување по најповолни цени, додека моментално корисниците се пренасочуваат кон
Expedia.