Кога масивните отворени онлајн курсеви за прв пат започнаа да се појавуваат на насловните страни во 2012 година, постојано читаме приказни за илјадници луѓе кои се запишуваат на курсеви од вештачка интелигенција до компјутерски науки.
Создаден од Барбара Оукли (Универзитетот во Оукленд) и Тери Сејновски (Институтот Салк), новиот курс „Learning How to Learn“ ја користи неронауката за да ја открие нашата способност за учење. Курсот го нуди „Coursera“ и е бесплатен, а доколку сакате можете да се запишете
ТУКА.
Курсот ви дава лесен пристап до техниките за нерпоценливо учење кои се користат од страна на експертите во уметноста, музиката, литературата, математиката, науката, спортот и други дисциплини. На курсот ќе научите како мозокот користи два различни начини на учење и како ги опфаќа информациите. Исто така, курсот ги опфаќа илузиите за учење, техниките за меморирање, справување со одложувањето и најдобрите практики кои се покажале како најефикасни во совладувањето на тешките предмети.