Дали некогаш сте се запрашале како луѓето ја откривале нивната географска широчина во деновите пред да се појави интернетот? Дали знаете дека можете да го искористите истиот математички трик кои го користеле за ја одредите географската широчина денес?
Целта е да откриете каде се наоѓате на Земјата во однос на екваторот. Никогаш не се знае кога ќе ви биде потребно да дознаете каде сте на Земјата во однос на екваторот, такашто откривањето на географската ширина ќе ви биде од голема корист.
Постојат неколку начини за откривање на географската широчина. Наједноставен (и најдосаден) начин за откривање е да го прашате „Google“.
Друг начин е да користите сферична геометрија и ѕвездите. Всушност, ќе ви биде потребна само една ѕвезда - Поларис, односно „Северната ѕвезда“. Но, важно е да знаете дека пресметката функционира само ако се наоѓате на северниот дел на хемисферата (северно од екваторот). Откако ќе научите како да пресметате географска широчина за северниот дел, лесно ќе го разберете и трикот за јужниот дел.
Еве како функционира: Замислете дека стоите на северниот пол на Земјата. Каде би била лоцирана Северната ѕвезда од ваша гледна точка? Ако добро размислите, ќе сфатите дека ќе ви биде директно над главата. И секогаш ќе ви биде директно над главата со целото небо ротирајќи околу неа еднаш на секои 24 часа. Сега замислете како одите на југ кон екваторот (што значи било која насока). Како што одите кон екваторот, Северната ѕвезда започнува да се движи подалеку од точката директно над вашата глава кон хоризонтот.
Ако одите кон екваторот на Земјата, каде би се наоѓала
Северната ѕвезда? Повторно, ако размислете, ќе видите дека Северната ѕвезда се наоѓа на хоризонтот. Сега, се' што треба да направите е да откриете колку Северната ѕвезда е над хоризонтот со што ќе ја дознате географската широчина:
- На северниот пол на Земјата, Северната ѕвезда е вашиот зенит... што е 90º над хоризонтот. Ова исто така е вашата географска ширина на северниот пол.
- На Екваторот на земјата, Северната ѕвезда е на хоризонтот што е 0º над хоризонтот. Повторно, 0º е исто така вашата географска широчина ако стоите на екваторот.