Веројатно досега сте прилично добро запознаени со Земјата, но секогаш има нешто што не знаеме и секогаш е одлично време за учење нешто ново. На блогот на НАСА беа објавени некои факти кои можеби не сте ги знаеле. Така, доколку ја гледаме Земјата според докажаните факти и бројки, податоците велат дека:
Единствена со живот
Од деветте планети, безбројните астероиди и метеори во сончевиот систем, Земјата е единствената на која знаеме дека има живот. Таа има тенок слој атмосфера кој не` издвојува од студенилото во вселената.
Една месечина
За разлика од некои други планети во сончевиот систем, кои имаат три или повеќе прстени, Земјата нема ниту еден, но имаме една осамена месечина која кружи околу нас.
Се движи со брзина на светлината
Земјата е третата планета од Сонцето и се наоѓа на оддалеченост од 93.000.000 милји од него. На оваа оддалеченост, планетата се движи со брзина од 66.000 милји на час, односно 106.216 километри на час низ вселената.
Може да дишите
Атмосферата на Земјата е составена од 78% азот, 21% кислород и 1% други гасови. Повеќето планети во нашиот сончев систем имаат атмосфера, но само на Земјата може да се диши воздухот.
Годината трае повеќе од 365 дена
Поточно, таа трае 365 дена, 5 часа, 48 минути и 56 секунди. Со други зборови, таа трае 365,2564 дена. Затоа имаме престапни години.
Посебна мерна единица
Оддалеченоста на планетите во нашиот сончев систем се мери во АУ, односно астрономска единица (astronomical unit). Единицата е добиена според оддалеченоста на Земјата од сонцето. Земјата е на еден АУ од сонцето, додека Марс е на 1,52 АУ, а Јупитер е на 5,2 АУ од сонцето.
Има и селфи од неа
Првата фотографија од Земјата била направена на 24 октомври во 1946 година од страна на ракетата В-2.
Наведната е
Земјата не е исправена како што би помислиле. Таа е наведната на едната страна и се наоѓа на таканаречената ротациона оска.
Зошто токму тоа име?
Зошто токму Земја?
Името „Земја“ е старо најмалку 1.000 години. Сите планети на нашиот систем се именувани според грчки или римски богови и божици, освен Земјата. Значењето е јасно.