X
 02.09.2022 Наука

Инструмент на НАСА произведува кислород на Марс колку едно дрво

Кога американската вселенска агенција НАСА го испрати роверот „Персевиренс“ на Марс минатата година, со него испрати и мала експериментална кутија.

Експерименталниот инструмент е наречен експеримент за кислород на Марс со искористување локални ресурси или МОКСИ (англ. MOXIE - Mars оxygen in-situ resource utilization experiment). Оттогаш, МОКСИ произведува кислород од воздухот на Марс.

Неделава научниците што работеа на експериментот потврдија дека МОКСИ работи многу добро и произведува кислород со иста брзина како едно дрво на Земјата. До крајот на 2021 година, податоците покажале дека МОКСИ произведувал шест грама кислород на час.


Експерименталниот уред произведува кислород дење и ноќе и во секое годишно време на Марс. На научниците им преостанува да ја демонстрираат работата на експерименталниот уред во зори или самрак, кога температурата значајно се менува, посочил научникот Мајкл Хехт.

Добрите резултати на МОКСИ се ветувачки за научниците и вселенските агенции кои работат на планови за испраќање луѓе на Марс во иднина.

Како функционира МОКСИ?

На Марс, МОКСИ го претвора јаглеродниот диоксид од атмосферата во кислород за дишење. Инструмент во МОКСИ може да го издвои кислородот од молекулите на јаглеродниот диоксид, а потоа ги комбинира за да создаде молекули со два атома на кислород, односно кислород за дишење.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: NASA
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука