Наредниот четврток на 9-ти јуни со почеток од 18:00 часот во Кафе-бар Стоби (ГТЦ) во Скопје, ќе се оддржи новото 17-то по ред издание на Бизнис Кафе Македонија.
Посетителите и овојпат ќе имаат можност да се запознаат со тројца исклучително истакнати професионалци кои со присутните ќе го споделат својот бизнис-пат и искуствата кои ги следеле низ нивната кариера.
Гости на настанот ќе бидат
Ненад Ристовски, раководител на одделот за дигитални медиуми во Публицис Македонија,
Сашо Мацановски – Трендо, основач на Трендоленд / Off.net.mk и
Тања Кокев, модна дизајнерка и основач на брендот “Кокев“.
Карта за настанот чини 300 денари и може да се купи online на следниов
ЛИНК, преку целата дистрибутивна мрежа на Купи карти за се (во Југотон ГТЦ, продажен пулт во Сити Мол, ТА Савана центар и
други...) или на фактура со резервација на следниов е-маил:
mkbizniskafe@gmail.com