X
 04.06.2016 Образование

Едноставни математички задачи кои веројатно ќе ги решите погрешно

Некои математички задачи изгледаат едноставно и лесно пред да се обидете да ги решите. Така е случајот и со следниве, кои се задачи од основни училишта ширум светот.


Задача бр. 1

Дали може да откриете кој број треба да стои на местото на прашалникот?


Одговор: 6 (Сите редови и колони имаат збир од 15)

Задача бр. 2

Една палка и една топка чинат вкупно еден долар и 10 центи. Палката чини долар повеќе од топката. Колку чини топката?


Одговор: Топката чини 5 центи

Задача бр. 3

Замислете дека сте дел од игра и добивате избор од три врати: Позади едната врата се наоѓаат милион долари, а позади другите две врати нема ништо. Ја одбирате првата врата и водителот, кој знае што има позади секоја врата, отвора друга врата, на пример третата, и нема ништо позади неа. Потоа, тој ве прашува дали останувате со изборот или го менувате? Дали е подобро да останете со првиот избор или да ја одберете другата врата?


Одговор: Секогаш треба да го смените изборот. Кога првпат се одлучивте за првата врата, вашите шанси за одбирање на наградата биле 1 во 3, односно шансите за добивање ништо биле 2 во 3. Кога водителот отворил празна врата, тој елиминирал еден од погрешните одговори. Шансите дека сте ја одбрале вистинската врата се` уште се 1 во 3, а дека сте одбрале празна 2 во 3. Со менување на изборот, шансите дека сте ја одбрале погрешната врата на почетокот се 2 во 3.

Задача бр. 4

Кое решение го добивате кога ја решавате задачава?


Одговор: 9 (проблемот треба да биде решен вака: 6÷2(1+2) = 6÷2*(1+2) = 6÷2*3 = 3*3 = 9)

Задача бр. 5

На едно езеро се наоѓаат листови. Секој ден, има двојно повеќе листови. Ако се потребни 48 дена да се покрие целото езеро со листови, колку е потребно да се покрие половина езеро?


Одговор: 47. Задачата вели дека листовите се зголемуваат двојно секој ден, што значи дека на било кој ден, нивната големина ќе биде двојно поголема од денот претходно. Ако листовите го покријат езерото на 47-от ден, нивната големина била двојно помала, односно за половина помала на 47-от ден.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование