X
 27.12.2015 Образование

Најтешките детски математички задачи кои го освоија интернетот

Годинава беше интересна и возбудлива во поглед на математичките проблеми кои се појавија на интернет. Три задачи го обиколија целиот свет и предизвикаа размислување кај многумина. Најинтересниот дел е тоа што овие задачи биле првично составени за децата.


Кога е роденденот на Шерил?

Во април, интернетот еруптираше откако виде што решаваат 10-годишниците во Сингапур. Оваа задача се појавила на математички натпревар за талентирани средношколци во Азија.


Доколку не ја решивте, овде најдете го одговорот.

Аритметика од Виетнам

Месец подоцна слушнавме за една задача која ја составил наставник кој предава на третоодделенци во Виетнам. За да ја решите загатката треба да го знаете редот на аритметичките операции.


Има 362.880 можни начини, од кои само неколку ја даваат точната равенка. Решението е овде.

Слатките на Хана

Пред само неколку недели, учениците од Велика Британија ја покажале својата фрустрираност за проблем кој го добиле на тест по математика.



Математичарите се огласија дека задачата е лесна за решавање доколку знаете основи на веројатност. Решението најдете го овде.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование