X
 12.08.2022 Живот

Во шведска општина сите граѓани ќе може да ги користат бесплатните училишни автобуси

Учениците во Шведска се враќаат на училиште на 17 август. Освен нив, од оваа година училишните автобуси ќе се користат и од другите жители на една општина.

Општината Норкепинг претставила план со кој ќе воведе две училишни линии кои ќе поврзуваат повеќе населби во општината. Овие училишни линии ќе бидат достапни и за постарите жители, не само за учениците. Сепак, учениците ќе имаат предност, а возрасните ќе може да ги користат автобусите само доколку има доволно слободни места.

На овие две линии, јавноста ќе може да се вози бесплатно, а целта е да се олесни патувањето до работните места. Станува збор за пилот-проект кој ќе ги поврзува руралните предели од општината со урбаните населби.

Пробниот проект ќе биде оценет во декември и ќе се одлучи дали праксата ќе продолжи.

Извор: The mayor
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот