X
 29.11.2017 Живот

Зошто дури 70 отсто од вработените не го искористуваат својот потенцијал?

Според истражувањето на американската консултантска компанија „Галуп“, 70 отсто од вработените не работат со целосна посветеност и поради тоа не ги даваат најдобрите резултати. Дури 52 отсто од вработените ја запоставуваат работата поради разни навреди, односно лоша комуникација, а 18 отсто од нив се несреќни на своето работно место.

„Галуп“ истакнува дека на менаџерски позиции треба да бидат оние што ги сфаќаат потребите на вработените и лица што знаат да мотивираат и да инспирираат. Тоа може да доведе до поголема профитабилност и продуктивност.

Извештајот покажува дека компаниите трошат 82 отсто од времето барајќи талентирани луѓе за работа (менаџери), што е прилично загрижувачки. Менаџерите кои навистина поседуваат талент да бидат лидери се малку, приближно еден од десет луѓе го има она што е потребно за да влијае врз подобрувањето и профитабилноста на компанијата. За барање таленти компаниите трошат милијарда долари годишно.

Компаниите што ја игнорираат науката се во критична позиција бидејќи наместо менаџери, вработуваат нестручен кадар. Накратко, ги избираат погрешните луѓе. Во повеќето случаи, кога би ги прашале денешните менаџери зошто се наоѓаат на таа позиција, нивниот одговор би бил дека добро се покажале на претходната позиција, а тоа не е она што се бара кај менаџерите. Со други зборови, повеќето компании прават грешки поставувајќи луѓе на позицијата менаџер бидејќи „заслужиле“, а не затоа што имаат талент.

Пет клучни способности што ги поседуваат најдобрите менаџери:

1. Го мотивираат секој вработен поединечно да се ангажира, да има убедлива мисија и визија;
2. Способност за пребродување на проблемот;
3. Поставување јасна одговорност;
4. Градење однос што создава доверба и отворени и транспарентни разговори;
5. Донесување одлуки врз основа на продуктивноста, а не врз политиката.

Потенцијалните менаџери се можеби веќе дел од вашата компанија и чекаат да бидат откриени. Во секој тим имате некој што е најдобар во одредена област, но тоа не значи дека е роден за лидерство.

Генералниот директор на „Галуп“, Џим Клифтон, ја покажа сериозноста на ова прашање, велејќи:

„Единствената најголема одлука што ја донесувате во вашата работа, поголема од сите, е кога поставувате менаџер. Кога имате погрешен човек, повеќе ништо не може да се поправи. Кога станува збор за таквите одлуки, не би требало да има компензација, ниту корист“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот