X
 08.06.2016 Култура

Откриен дизајнот на новиот кампус на "Apple"

„Landbank Investments“ и „HOK“, водечки меѓународни канцеларии за архитектура, ги презентираа своите дизајни за новиот кампус на „Apple“ во Санивејл, Силиконската Долина, со помош на маркетинг страната Notanotherbox.com

 

1

 

Пораката на презентацијата - „не уште една кутија“ е поддржана со брановидниот дизајн на новиот проект на „Apple“.


Лоциран во една од поранешните области на Санивејл, кампусот „Central & Wolfe“ ќе го трансформира постојниот парк во модерен кампус.

 

2

3


Целите на развивањето, кои „HOK“ ги постигна преку дизајнот се уникатна архитектура, неповршински паркинг, изобилство на отворен простор, градини на покривот и големи подни плочи.

 

4


Новиот објект кој ќе биде на шест спрата ќе биде отворен простор. Дизајнот посветува големо внимание на надворешната средина. Ќе има патеки за пешачење и за велосипеди, градина на покривот и објекти како што се спортски игралишта, терени и отворен амфитеатар. Внатрешниот простор е замислен во корист на своите корисници - тука има канцеларии, кафе бар, фитнес центар, спа и велнес објекти продавници, берберници, хемиско и банкарски услуги. Покрај тоа, ќе има и подземна гаража која ќе обезбеди доволно простор за да се елиминира површинскиот паркинг.

5
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура