Равенките функционираат речиси магично - со нив може да го објасните минатото или да ја предвидите иднината. Тие ставаат граници на возможното и откриваат можности кои никогаш не би можеле да го замислиме. Некои равенки имаат моќ да го променат светот. Следниве веќе го смениле.
Вториот Њутнов закон (1687)
Заедно со другите Њутнови закони, оваа равенка претставува основа за класичната механика. Оваа равенка им овозможила на физичарите и инженерите да ја пресметаат вредноста на силата. Равенката била круцијална за појавувањето на механичкиот период и се користи во речиси секоја пресметка која вклучува сила за движење.
Њутнов закон за гравитација (1687)
Со векови, универзумот се делел на земјен и небесен дел. Законот за гравитација на Њутн променил се'. Њутн ни ја дал првата директна врска меѓу секојдневниот живот и движењето на небесниот свет. Долго време, равенката се користела за пресметување на орбитите на планетите, а подоцна се искористила за испраќање сателити во орбитата и астронаути на месечината.
Втор закон за термодинамика (1824)
Францускиот физичар Сади Карно стои зад оваа равенка. Според неа, некои процеси не може да се вратат, а може дури и да бидат одговорни за последици во текот на времето. Во наједноставната форма, вели дека топлината секогаш се пренесува од топол предмет на студен. Равенката се применува и за предвидување на судбината на универзумот во случај на „смрт од загревање“.
Равенката на Максвел и Фарадеј (1831 и 1865)
Во 1831, Мајкл Фарадеј ја открил врската меѓу две природни сили, електрицитет и магнетизам. Подоцна, Џејмс Максвел го генерализирал откритието на Фарадеј како една од неговите четири основни равенки за електромагнетизам. Ова е равенката која на светот му дава струја. Равенката се користи во електричното инженерство, комуникациските технологии и оптиката.
Ајнштајновата равенка за маса и енергија (1905)
Најпознатата равенка на Алберт Ајнштајн го покажала потенцијалот за огромните количества енергија кои се испуштаат при нуклеарна фисија. Оваа равенка го овозможила создавањето на атомската бомба, а самиот Ајнштајн сметал дека згрешил кога го препорачал производството на истата.
Шредингерова равенка (1925)
Кога Ервин Шредингер ја формирал равенката во 1925, тоа го отворило патот за нова теорија во квантната механика, овозможувајќи им на физичарите да пресметаат како квантните честички се движат и се однесуваат.
Во една од наједноставните форми, равенката ја опишува структурата на атомот, а се користи и за многу пресметувања во квантната механика.