X
 16.10.2015 Култура

Зошто зборовите за "мајка" и "татко" звучат слично на сите јазици?

Многу зборови кои звучат слично може да имаат комплетно различно значење на друг јазик. Но, зборовите за „мама“ и „тато“ звучат слично на многу јазици кои не се никако поврзани меѓусебно

Така, „мама“ во многу јазици значи исто како и на македонски или пак има сличен термин, како „нана“. Зборот за „татко“ честопати се наоѓа како „папа“ или „баба“, а се наоѓа и во варијации со д или т, како „дада“ или „тата“.

Ова не е изненадувачки за европските јазици, како романските или германските. Сепак, овие јазици потекнуваат од еден, протоиндоевропскиот јазик. Меѓутоа, што станува со свахили, кадешто се користат „мама“ и „баба“ или тагалогскиот со „нанај“ и „татај“? Мандаринскиот ги има „мама“ и „баба“, исто така. Ескимците велат „анана“ и „атаата“, а во Ел Салвадор се користат „наан“ и „татах“.

Одговорот лежи во бебињата и начинот на кој тие започнуваат да зборуваат. Лингвистот Роман Џејкобсон открил дека бебињата започнуваат да зборуваат на таков начин што произведуваат звуци како „маах“, а подоцна и „папа“, „баба“ или „дада“. Така, зборовите „мама“ и „тато“ го добиле значењето кое го имаат сега во голем дел од јазиците.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура