X
 20.06.2019 Култура

Филм што го сруши рекордот на „Нетфликс“ - во 3 дена го гледале 30 милиони луѓе

Најновиот филм на Адам Сендлер - „Мистериозно убиство“ го сруши рекордот на „Нетфликс“ кога станува збор за бројот на луѓе што го гледале.

Сендлер, кој пред две години го обнови договорот со „Нетфликс“, заедно со Џенифер Анистон глуми во комедијата за пар од Њујорк кој е вмешан во мистеријата околу смртта на постар милијардер во текот на патувањето во Европа.

Иако критичарите веќе долго време не упатиле пофални зборови за Сендлер, публиката очигледно го обожава, особено фановите на „Нетфликс“. Според „Варајети“, во три дена филмот го гледале 30,9 милиони корисници. Досега рекордот го држеше филмот „Светло“ од 2017 година, кој во првите три дена го гледале 11 милиони луѓе.

Важно е да се напомене дека се бројат само прегледите на корисниците што погледнале 70 отсто од филмот. Според предвидувањата на „Нетфликс“, филмот „Мистериозно убиство“ би можел да го надмине филмот „Кутија со птици“, кој во првиот месец го гледале 80 милиони луѓе.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура