X
 20.06.2016 Образование

Студентите од ТМФ во моден ритам

Студентите од од втора, трета и четврта година од насоката Дизајн  и инженеринг на облека на Технолошко-металуршки факултет во Скопје претставија креативни, инспиративни и иновативни модни креации на на 17-та традиционална модна ревија.

 

ревија

 

Под менторство на професорката Лидија Георгиева, нашата позната дизајнерка, студентите изработија 60-тина модели инспирирани од ритамот кој е насекаде околу нас, како што и беше насловена и самата модна ревија.


„Заедно со студентите направивме „brainstorming“ за да ја поттикнеме креативната мисла. Темата на овогодинешната ревија беше ритам, а за секого асоцијацијата беше различна и оригинална. За првпат се претставуваат сите три генерации според новата програма. За поканата е користена фотографија од 3Д отпечаток на студентка од трета година“ –вели професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

Дополнителен мотив за студентите од оваа насока е соработката помеѓу Францускиот Институт и Институтот за Дизајн и Инженеринг на облека при ТМФ, во рамки на програмата „Таленти на иднината“, која ќе им даде можност на студентите да стекнуваат пракса во Франција.

„Тоа ќе придонесе за уште поголема амбициозност и мотивираност кај студентите, како и за нивен креативен развој“, најави во видео обраќањето Амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер.

Инаку, ТМФ остана доследен на традицијата и теоретски и практично да ги едуцира студентите по дизајн и инженеринг на облека.

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование