X
 01.09.2023 Образование

Престижната Чивнинг програма - успешна приказна на академскиот кадар на УКЛО

Д-р Ангелина Станојоска, вонредна професорка од Правниот факултет при УКЛО, е добитник на Чивнинг грант во рамките на Chevening Western Balkans Cyber Security Fellowship програмата за академската 2023/2024 година. Д-р Станојоска ќе престојува десет седмици на Кренфилд Универзитетот (Шривенхам кампус) во Обединетото Кралство, почнувајќи од средината на септември 2023 година.

Чивнинг програмата започнала во 1983 година и нејзина цел е да им овозможи на избраните учесници да учат на универзитетите во Обединетото Кралство. Чивнинг програмата за сајбер-безбедност за Западен Балкан е насочена кон професионалци кои веќе се признати во својата област и покажуваат лидерски потенцијал во областите на сајбер-безбедност или сајбер-политика во земјите од Западен Балкан.

Се работи за десетнеделна програма преку која стипендистите ќе научат за законските решенија и приодите на јавните политики во сајбер-безбедноста и импликациите на националната безбедност, комерцијалните можности, превенцијата на криминалот и правото на приватност.

1

Што Ве мотивираше да аплицирате за Чивнинг програмата?

Во 2021 година бев добитничка на грант во Фулбрајт програмата, што за мене лично, но и професионално претставуваше големо признание. По враќањето од САД се насочив кон искористување и имплементација на знаењата што ги стекнав за време на престојот таму.

Сепак, како универзитетска професорка сметам дека е потребно постојано усовршување бидејќи криминологијата ги следи глобалните промени и современите трендови на криминалното однесување, а тоа несомнено нѐ води кон потребата постојано да учиме, истражуваме и работиме. Па, се запрашав, дали и по Фулбрајт има предизвици кои професионално се важни за мојата академска кариера. Одговорот е дека хоризонтот на можности е широк и дека постојат уште многу. Една од нив е и Чивнинг програмата, која заедно со Фулбрајт го носи епитетот на една од најпрестижните програми, со мрежа од повеќе од 55.000 алумни низ светот.
Мојот фокус за време на престојот во Обединетото Кралство, покрај активно следење и вклученост во програмата, ќе биде насочен и кон истражување на родово заснованото насилство во онлајн просторот, нешто што, за жал, се случува сѐ почесто и е директно поврзано со традиционалните форми на насилство засновано на родот. На ваков начин, резултатите би укажале кон правилните чекори при превенцијата на овој тип дигитално помогнато насилно однесување.

Од друга страна, нашето усовршување и надградување следствено ќе води кон пренесување на знаењето на нов, современ начин, кој на студентите би им овозможил практично да ги совладаат криминолошките содржини или, поинаку кажано, мотивиран професор значи и мотивирани студенти.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование