Фото: Facebook
Во учебник за четврто одделение од основно училиште во Црна Гора, наречен „Магија на читањето“, авторите Наташа Боровиќ и Соња Ашанин го дефинирале поимот панкер како оној што припаѓа на музичкиот панк-стил и посебен стил на облекување и однесување: грдо, валкано, нападно.
Сфаќаме дека одреден правец во музиката и придружниот стил на облекување не му се допаѓаат некому, но вакви етикети наметнати на 10-годишни деца се чинат како опасни за
нивниот развој.