Можеби не сте забележале, но Фејсбук направи промена на вашиот профил која веројатно не сте ја забележале.
Социјалната мрежа неодамна ги подобри поставките кои менуваат како се претставени вашата историја на работни места и вашето образование. Додека промената нема да направи никакви лични информации јавни, сепак може да направи некои претходни информации очигледни за вашите пријатели - што може да е малку непријатно.
Во суштина, промената предизвикува вашето образование и историјата на работни места да се појават стандардно во „Intro“ полето на вашиот профил. Ова „Intro“ поле е првото нешто што некој го гледа кога ќе го посети вашиот профил.
Од социјалната мрежа соопштуваат дека се одлучиле за овој чекор бидејќи сакаат да им помогнат на корисниците повеќе да ги сфатат нивните поставки за приватност.
„Ова е промена што ја направивме минатата недела со цел да олесниме кои од полињата за образование и работа се јавни. Ниту едно од овие полиња не претрпеа промена за приватноста; ние едноставно ги прикажуваме веќе јавните полиња во „Intro“, вели портпаролката.
„Ако веќе сте наместиле што сакате да се појавува тука, оваа промена нема да влијае врз вас. Со други зборови вашeто „Intro“ поле нема да покаже ништо што веќе не се наоѓа во полето „Work and Education“. Проблемот е што постои разлика помеѓу сите овие јавно прикажани информации веднаш под вашата профилна слика, и информациите кои се наоѓаат подолу на вашата страна“, додава таа.
Ова поле има за цел да ги прикаже информациите кои се најважни за вас. На пример, мојот опис на работното место е сместен во „Intro“ затоа што често објавува статии на
Фејсбук.
Насочувањето на вниманието кон ова е добра идеја, меѓутоа добро би било доколку социјалната мрежа ја објавеше промената.
За среќа, лесно е да се прилагодат вашите преференции. На вашиот компјутер, кликнете го моливчето кое се наоѓа во близина на „Intro“, а потоа изберете што не сакате да биде прикажано таму.
Доколку сакате ова да го направите од мобилен, тогаш одете кадешто пишува „Edit info“ и тргнете се' што сакате да не се појавува во вашиот „Intro“.