Денес е вторник, 28 јуни 2016 година, 180-иот ден во годината. Сонцето
изгреа во 04:56, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 18
минути.
Ова утро во Македонија имаме доста различни временски услови. Во
Тетовскиот, Скопскиот и Велешкиот регион имаме облачно време со врнежи
од дожд, во југоисточните и североисточните предели појава на локална
облачност, а во останатите предели претежно сончево време.
МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес претпладне ќе биде претежно сончево со
локално облачност, а во северните и централните предели нестабилно со
локални врнежи. Во попладневните часови врнежи од дожд се очекуваат во
северозападните, западните и југозападните предели, а услови за врнежи
ќе има и во крајните источни и североисточни предели. Ќе дува доумерен
засилен североисточен и северозападен ветер. Утринските температури од
12 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе
достигнат до 21 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.
СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови умерено облачно со врнежи од
дожд кои претпладне ќе престануваат. Во доцните попладневни часови
повторно ќе има услови за врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен
северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а
максималната дневна до 29 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во наредните денови стабилизација на времето. Во
среда претежно сончево со локална облачност и потопло со дневни
температури од 23 до 34 степени. Во четврток сончево и топло со пораст
на максималните температури кои ќе достигнат до 26 односно до 37
степени. Во Петок и сабота претежно сончево со локална облачност и
топло. Во попладневните часови во петок во централните, а во сабота во
североисточните и источните предели ќе постојат услови за локални врнежи
од дожд и грмотевици. Максималните температури ќе бидат во пораст и ќе
се движат од 28 до 38 степени.
Weather4all.com.mk