Во Македонија во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло време. Во попладневните часови во северозападните предели постојат услови за развој на нестабилна облачност која што ќе услови слаби локални врнежи од дожд. Станува збор за сосема слаби и локални врнежи. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен и западен ветер. Утринските температури идентични како и денешните и ќе се движат од 9 до 18 степени. Максималните дневни температури ќе достигнат до 25 односно до 35 степени. УВ индекс 7.
Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево и топло. Попладне ќе има појава на локална облачност. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 33 степени. УВ индекс 7.
Сончевото и топло време ќе продолжи и во наредните денови во Македонија. Во среда и четврток сончево и топло. Утринските температури од 10 до 20 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 25 до 35 степени.
Сончево и топло и во петок со максималните температури до 26 односно до 36 степени.
Во сабота во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Максималните дневни температури ќе достигнат до 27 до 37 степени.
Weather4all.com.mk