Возењето велосипед е една од најпопуларните форми на рекреација, а велосипедот станува главно превозно средство на многу луѓе.
Возењето велосипед носи низа придобивки. Меѓу другото, го подобрува менталното здравје, ги зајакнува мускулите, го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак, позитивно влијае врз мозокот, обезбедува подобар сон, го зајакнува имунолошкиот систем и слично.
Возењето велосипед е одлична вежба за слабеење бидејќи релативно лесно се согоруваат многу калории без да чувствувате дека премногу го предизвикувате вашето тело. Кога возите велосипед, повеќе сте свесни за средината околу вас.
Во таква ситуација, помалку сте фокусирани на согорувањето калории, заморот и потењето, а потрошените калории се зголемуваат без премногу да се фокусирате на тоа. Едноставно кажано, возењето велосипед создава чувство на благосостојба за разлика од повеќето форми на вежбање.
Еден час возење велосипед на ден е одличен начин да се поттикне слабеењето. Личност од 80 килограми ќе согори околу 650 калории за време на едночасовно возење велосипед со умерен интензитет. Ако возите шест дена во неделата една година, ќе согорите 202.800 калории. Не е лошо, нели?
Ова не се сите придобивки од едночасовното возење велосипед.
Од анализата направена на велосипедистите научниците откриле и дека возењето велосипед го подобрува расположението. Кога некој е посреќен и помирен, многу е помала веројатноста да чувствува потреба да се прејаде со нездрава храна.
Еден час возење велосипед на ден ќе помогне во изградбата на мускулите, а зголемувањето на мускулната маса создава потенок, подобар облик на телото. Плус, мускулите согоруваат повеќе калории отколку маснотии, дури и кога седите. Ова значи дека дури и по тој час возење вашето тело ќе согорува повеќе калории отколку што инаку би согорувало.
Друга предност на возењето велосипед еден час дневно е тоа што е рутина која лесно се вклопува во вашиот секојдневен живот. Можете да возите велосипед кога ќе ви одговара и тој може да ви биде превозно средство.
Еден час дневно ќе биде доволен за подобрување на вашиот имунолошки систем и подобра борба против инфекциите.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik