X
 01.07.2016 Култура

Градот кој буквално тоне

Тој е еден од најважните, најдинамичните градови во светот и дом на 20 милиони луѓе. Сепак, Пекинг е пред колапс.


Истражување покажува дека делови од градот тонат со алармантна брзина - дури по 11 центиметри годишно. Причината е преголема консумација на површинската земја. Откритијата биле објавени во списанието „Remote sensing“ и откриваат дека брзината на тонење ѝ се заканува на безбедноста на јавноста и урбаната инфраструктура.

Нееднаквото тонење ќе делува катастрофално на метрото во градот, но и зградите и други градби. Специјалисти од Кина, Шпанија и Германија работеле со Националната природна научна фондација во Кина за да анализираат податоци од илјадници сателитски слики и глобални сензори, со цел да ги следат промените на површинско ниво од 2003 до 2011 година.


Било откриено дека делот Чаојанг, кој е бизнис срцето на Пекинг, е најлошо погоден. Истражувачите откриле дека некои региони потонале повеќе од 75 центимери за време на истражувањето.

Жеден град

Површинската воза се наоѓала под градот илјадници години, но се' повеќе се користи за домашна употреба, индустриска употреба и за агрикултурата.

Намалувањето на водата предизвикало згуснување на почвата, што било забрзано поради големата тежина на зградите. Овој процес предизвикува и појава на дупки на површината.


Ова се случува во градот од 1935 година, но никогаш со оваа брзина.

Пекинг е петтиот град во светот според побарувачката на вода. Главниот град на Кина троши 3,5 милијарди литри вода секоја година, од кои две третини се добиваат од површината на земјата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура