X
 12.04.2016 Култура

Прашања кои ќе ви откријат дали можете да бидете претприемач

Пред да започнете со основање на бизнис, постои едно прашање кое секој потенцијал претприемач треба да си го постави: „Дали во мене има материјал за претприемач?“

Бидејќи ако нема, патувањето навистина може да боли.

Иако не постои едноставен начин за оценување себеси дали сте или не сте, постојат одредени карактеристики кои успешните ги имаат. За да си помогнете да пронајдете одговор на прашањето, потребно е дополнително да си одговорите на следните неколку прашања.

1 прашање: Дали сакате повеќе да работите сами или со други?

Ако повеќе сакате да работите сами, тогаш добро би било да се насочите кон самовработен хонорарец, но треба да знаете дека претприемништвото не е за вас. Да, има доста индивидуална работа во започнувањето и водењето на бизнисот, но дологорочно, само тимската работа ќе им помогне на вашите идеи да дојдат до следното ниво. Кен Бланшар кажал многу убава поговорка: „Никој од нас не е толку паметен колку сите нас“.

2 прашање: Дали губите сон поради проблемите поврзани со работата?


Не многу од вас очекуваат одговорот на успешниот претприемач да е: „не“. Но, се разбира дека успешните претприемачи не губат сон поради проблемите поврзани со работата.

Да ви се појасни - секако дека вистинскиот претприемач е силен и прилично смирен тип пред друите, но факт е дека непреспиените ноќи се дел бизнисот. Додека е неверојатно важно за претприемачите да добијат време да се релаксираат, ако сте тип кој заборавил што се случува истиот ден, тогаш светот на претприемништвото дефинитивно не е за вас. Еве и зошто.

Оној кој спие „како бебе“ во текот на тешките времиња е демонстрација за пасивност кон главните проблеми и предизвици - предизвици кои можат да се решат со повеќе размислување. Со други зборови, вистинскиот претприемач ќе размислува за проблемот или предизвикот повторно и повторно, се` додека не пронајде задоволувачко решение. Дури тогаш ќе има мирен сон.

Секако, тука постојат исклучоци од правилото. Некои остануваат смирени однадвор и одвнатре додека размислуваат за решението и никогаш не се нервираат.

3 прашање: Дали верувате дека вашите вработени треба да ги ставите први или вашата компанија треба да е на прво место?

Може да се каже дека ова е еден вид на трик прашање. Но, всушност одговорот е многу јасен: погрижете се за вашата компанија, и погрижете се за луѓето. Она што им е потребно на вашите вработени е успешен бизнис кој нуди сигурност. Ако се фокусирате премногу за интересите на вашиот персонал, тогаш ризикувате да ја изгубите компанијата.

4 прашање: Дали тешките одлуки влијаат врз вас?

Постојат многу одговори за ова прашање. Но, идеалниот би бил: „Да, влијаат но само на кратко време“. Ако ова е вашиот одговор, тогаш честитки бидејќи вие веројатно го имате посакуваното ниво и емпатија за да се справите со огромниот товар кој доаѓа со улогата на претприемач.

Ако сте одговориле: „Да, влијаат долго време откако ќе ги донесам“ или „Не, не влијаат воопшто“, тогаш можеби имате недостаток на баланс потребен за изградба на бизнисот.

5 прашање: Дали сте среќни ако работите навечер и за викенд?


Постојат два можни одговори за ова прашање: „Не, не ми пречи“ или „Ми пречи, но сепак ќе го правам“. Ако одговоривте со вториот одговор, тогаш светот на претприемништво и доцните вечери кои доаѓаат со него нема да ви одговараат.

Секако, тука постојат и други факти. Во зависност од вашите лични околности, одлуката дали да работите навечер може да не можете да ја донесете сами.

6 прашање: Дали сте строги кон другите?

Ова прашање е неверојатно јасно. Одговорот треба да биде: „Строг/а но фер“, и со тоа ќе ги донесете најдобрите резултати.

Уште еднаш тука повторно се` се сведува на рамнотежа. Треба да бидете фер кога дискутирате за бизнис целите и задачите и треба да бидете одличен слушател. Вашите луѓе се вашите најголеми средства. Затоа треба да ја почитувате нивната напорна работа.

7 прашање: Дали врискате кога работите нема да одат како што треба?

Мора да бидете искрени. Сите понекогаш го правиме ова. Но за претприемачите кои навистина сакаат нивниот бизнис да се движи во вистинска насока, клучот е да ги одржуваат емоциите под контрола во поголемиот дел од времето.

8 прашање: Дали се грижите за себе физички?

Одговорот мора да бие: „Да. Морам“.

Постојат неколку одлични причини зошто треба да биде тој одговор. За почеток, вежбањето ви помага да живеете подолго и да имате активен живот. Да се биде претприемач потребна е енергија, оружје, издржлвиост, отпорност и одлучност - а сите овие карактеристики можат да се најдат во теретаната.

И секако, вежбањето е одлично за мозокот. Истражување од Универзитетот на Британска Колумбија неодамна откри дека редовното вежбање го зголемува хипокампусот на мозокот - областа поврзана со меморијата и учењето. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура