X
 07.07.2016 Технологија

Месец без социјалните мрежи

„Јас не користам Инстаграм, ретко Пинтерест. Имам профил на Твитер но не сум толку активен. Мојот избор на социјална мрежа е Фејсбук, каде имам личен профил. Мислев дека го користев за контакт со моето семејство и моите пријатели. Пишувам многу за продуктивноста, и имам пишувано приказни за дозата на хормонот допамин кога ќе отворите социјална мрежа или електронска пошта, но не знаев колку сум приврзан се додека еден од нив ми беше непристапен. Поминав 30 дена без телевизија и искуството беше ослободувачко. Мислев дека паузата од социјалната мрежа ќе биде слична, дури лесна но погрешив.


Во првиот ден се чувствував како зависник кој бара некоја стимулација. Па затоа ја вклучив електронската пошта. Потоа почнав да проверувам блогови кои сакам да ги читам. Претпоставив дека исто како паузата без ТВ, првата недела ќе биде најтешка а потоа еуфоријата потоа ќе се врати. Но не се случи тоа. Почнав да се чувствувам се поизолиран. Како сите што ги познавам да се на огромна журка, а јас не смеам да присуствувам. Сигурен бев дека нешто пропуштам.

Тие чувства се знак дека ти треба пауза од социјалните мрежи. Кога се чувствуваш вознемирен бидејќи не си постирал нешто или не си онлајн, тогаш треба да се исклучиш.

Дел од предизвикот беше што работев од дома. Сите мои соработници кои ги запознав на форумот, одржуваат контакт преку социјалните мрежи. Овој вид на поврзаност е во ред се додека не заменува некое значајна, реална интеракција во твојот живот. Се повеќе истражувања тврдат дека зависноста од социјалните мрежи се вистински феномен, со слични симптоми како другите зависности. Дури се пронајдени хемиски промени во одредени делови во мозокот.

Како да се детоксицирате?

Иако не верував дека сум зависник, поминував низ тежок период. На почетокот почнав со полесна метода, со проверување на секои 3 часа, по 10 минути. Исто така може да измислите свое правило за одредени денови. Некои семејства имаат правило да не користат телефони за време на вечера или викенд без телефони. Исто така исклучете ги известувањата кои ги добивате на Вашиот телефон. Ова дозволува да се чувствувате целосно присутни, и наскоро нема ни да забележите дека сте биле без вашите телефони или не сте биле на социјалните мрежи со часови.

Психолозите се согласуваат дека треба да користите социјални мрежи за време на слободно време а не за време на работа. Но бидете предупредени: луѓето кои страдаат од стравот дека нешто пропуштаат ќе имаат тежок период тргнувајќи се од социјалните мрежи. За жал и јас бев еден од тие. Три дена откако моето детоксирање започна, бев на журка на мојот тренер од тератаната. Иако бев присутен на журката физички, се чувствував дека пропуштам нешто следниот ден кога не вклучив Фејсбук да ги видам сликите.

Што се случи кога се вратив?

Откако изминаа 30 дена, јас со безисчекување го отворив мојот профил. Првата објава што ја видов беше видео кое го објавила мојата братучетка од нејзиниот сопруг како бил награден на сцена заради неговиот труд посветен кон војската. Тоа ме потсети зошто ми недостасуваше да се вклучам на Фејсбук.

Потоа се појавија критичните објави. Ја пропуштив драмата со Хилари Клинтон и пукањето во Орландо. Сепак се запрашав, дали ова проветрување направи разлика, или само ни дозволува да критикуваме без да правиме нешто за тоа? Кога се вратив, социјалните мрежи изгледаа многу поинакви. За време на тој месец, мозокот создаде нови гледни точки, што направи новите однесувања и рутини да ги заменат старите. Мојата нова рутина стана читање на блогови кои сметам дека се инспиративни и едукациони, или едноставно забавни. Веднаш ги подесив Фејсбук објавите да бидат корисни. Исто така забележав дека почнував поопуштени разговори со непознати отколку порано.

Ми требаа 30 дена за да ги ценам резултатите на мојот „пост“, и за да сфатам дека иако сите беа на журката, јас не пропуштив ништо интересно.“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија