„Твитер“ планира да објави нова функција со која на корисниците ќе им го намали бројот на навредувачки и токсични одговори на нивните твитови. На корисниците ќе им овозможи да ги контролираат разговорите, со тоа што ќе имаат четири опции за приспособување на нивните одговори: секој може да одговори; само оние што го следат корисникот може да одговорат, само оние што се тагнати можат да одговорат и твитот не може да има никакви одговори.
Компанијата ја објави опцијата на Саемот за потрошувачи на електроника.
- Примарната мотивација е контролата. Сакаме авторите да добијат поголема контрола и сметаме дека постојат многу начини на комуникација меѓу луѓето - изјави Кајвон Бејкпур, потпретседател на производи во „Твитер“.
Плановите беа подетално прикажани од Сузан Кси, шеф на разговори во „Твитер“, која рече дека функцијата се гради врз нешто што компанијата го лансирала во 2019 година, кога корисниците можеа да сокријат одговори.
- Размисливме што ќе се случи ако им дадеме поголема контрола на авторите? Дајте им вистински начин да го контролираат просторот за разговор. Затоа почнавме да работиме на новиот проект. Причината зошто го правиме ова е затоа што знаеме што значат разговорите на „Твитер“. Моментално јавните разговори на „
Твитер“ можат да ги видат сите низ целиот свет и секој може да одговори - вели таа.