X
 13.09.2018 Забава

5.000 долари за секој што ќе ја заврши оваа игра

Ништо не ги мотивира луѓето како парите, а во случај и вие да сакате да освоите сума од 5.000 долари, тогаш оваа видеоигра е како создадена за вас. Сѐ што треба да направите е да ја завршите играта.

Звучи едноставно, но работите не се секогаш такви какви што изгледаат на прв поглед...

Голем број сериозни гејмери и ентузијасти привлечени од паричната награда одлучиле да одговорат на предизвикот, но за играта „99Floors“ сѐ уште не е пронајден вешт играч што ќе може да ја заврши. Се чини дека играта е една од најтешките, ако не и најтешка.

Според зборовите на девелоперот на игрите, станува збор за брутална платформска игра со фокус на брзата, динамична борба.

igra
Фото: Printscreen/Youtube


Играчот ќе мора да помине пат низ 99 нивоа интензивна борба и тежина која на секој кат експоненцијално расте. „99Floors“ се простира низ девет фази на едноставен изглед и опкружување, исполнети со непријателски хорди што се вистински предизвик и за најискусните играчи.

- Постои причина зошто никој досега не успеал да ги помине сите нивоа на играта. Погледнете некои од видеата на „Јутјуб“ и ќе сфатите дека оваа игра е многу тешка - стои на официјалната страница на играта.

- Ако мислите дека ќе ја помините оваа комплексна игра од првиот обид, едноставно не знаете во што се впуштате. Ќе губите животи повторно и повторно, на безброј различни начини поради што веројатно ќе сакате да ја скршите тастатурата од вашиот компјутер. Во овој момент, највисокото ниво до кое некој стигнал е 90, што докажува дека играта може да се помине.

Ако мислите дека поседувате доволно вештини и трпение да го прифатите предизвикот, ТУКА можете да ја преземете играта.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава