Пишаниот јазик, белег на човечката цивилизација, не се појави наеднаш, во еден ден. Илјадници години пред првиот целосно развиен систем за пишување, нашите предци цртале геометриски знаци низ ѕидовите на пештерите во кои живееле.
Палеоантропологот, и истражувачот на карпестата уметност, Женевиев фон Петцингер ги проучувала и кодифицирала овие древни ознаки во пештерите во Европа. Единството на сите овие наоди укажува на тоа дека графичката комуникација како и способноста да ја зачуваат и пренесат пораката надвор во еден момент, постоела многу порано отколку што мислевме.