X
 09.07.2016 Технологија

Откријте дали вашиот Фејсбук профил е хакиран

fb

 

Постојат неколку различни начини преку кои хакерите влегуваат на профилите на Фејсбук. Автоматското логирање преку Фејсбук им овозможува на хакерите да пристапат до голем број профили. Спамерите ги хакираат Фејсбук сметките со цел да добијат пристап до тоа што следите. Исто така вашата сметка на хакерот му овозможува лични информации за вас кои можат да бидат искористени за кражба на идентитетот.


Ако се грижите и прашувате дали вашиот профил бил хакнат, постои едноставен начин да проверите. Одете на стрелката во горниот лев агол на вашиот Фејсбук профил и кликнете на неа. Во менито изберете Settings. Ќе се појави ново мени. Изберете Security и потоа изберете Where you're logged in.

Ќе ви се појави листа од сите уреди каде сте се логирале и нивните локации. Ако постои логирање кое не го препознавате, тогаш може профилот да ви е хакнат. Ако гледате нешто што не сте вие, тогаш кликнете End Activity од десно. Хакерот ќе биде привремено одјавен.

Други начини преку кои можете да дознаете дека вашиот профил е хакнат се:

- Промена на вашето име, роденден, меил или лозинка
- Некој испратил покани за пријателства на луѓе што не ги знаете
- Испратени се пораки од вашиот профил кои вие не сте ги напишале
- Напишани се постови на вашиот времеплов што вие не сте ги постирале

Што да направите ако вашиот Фејсбук профил е хакнат

 

aktivnost


Откако ќе кликнете End Activity, променете ја лозинката веднаш. Следно, побарајте помош од Фејсбук. Фејсбук има систем кој може да ви помогне при хакирање.

Одете на Фејсбук страната за помош, и кликнете на I think my account was hacked or someone is using it without my permission, а потоа кликнете на secure it. Фејсбук ќе ве однесе на страна каде ќе се логирате, а потоа треба да следите чекори за да ја обезбедите вашата сметка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија