X
 12.07.2016 Технологија

Дали знаете колку пати дневно го допирате екранот на вашиот телефон?

екран

 

Дали некогаш сте се запрашале колку пати во текот на денот го допирате вашиот паметен телефон? Често ни се случува од досада да го отклучуваме нашиот телефон и да видиме дали случајно ни пристигнала некоја порака или некој да не заѕвонил. Одиме на Фејсбук иако нам ни е вклучен на екранот од лап-топот или едноставно го допираме мобилниот за да провериме колку е часот. Сето ова се бори и доведува до зависност од нашите паметни „миленици“.


Сите овие причини го поттикнаа тимот од веб страната „Dscout“ да направат големо петдневно истражување во кое биле вклучени корисниците на Андроид од разни земји, со цел да добијат прецизна бројка од вкупно 2.617 пати допирање на екранот дневно.

Да, добро прочитавте. Станува збор за просечна бројка - корисникот на мобилен телефон поминува 2.42 часа дневно воопшто не телефонирајќи. Ако пак станува збор за екстремни зависници од паметните телефони, бројката се искачува на 3.75 часа дневно поминати на мобилен телефон, односно дневно овие корисници екранот го допираат 5.427 пати.

Истражувањето започнало со анкета која ја одговориле 100.000 кандидати кои сакале да ја проверат својата зависност од мобилните телефони. Истражувањето се потврдило преку посебна апликација која го следела секое допирање на екранот од страна на сопственикот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија