X
 19.12.2017 Живот

Најмладиот милијардер на светот

Џон Колисон ја основал компанијата „Страјп“ во 2010 година, кога имал само 19 години. Сега има 27 и ја има титулата најмлад милијардер во светот, кој богатството го стекнал сам, а се проценува дека поседува 1,1 милијарда долари. Неговата компанија е дизајнирана да го трансформира начинот на кој веб-страниците ги прифаќаат онлајн-плаќањата, па е фаворит на големите компании „Лифт“ и „Фејсбук“.

фото извор: Getty Images

Колисон ја основал компанијата со својот постар брат Патрик, а и двајцата се скромни момци кои не ги заборавиле своите корени од малиот град во Ирска. Денес Џон ужива во возење авиони, трчање и планинарење со своите соработници.

Роден е во Лимерик, Ирска, во 1990 година. Бил брилијантен ученик и го завршил образованието со одлични резултати. Бил примен на „Харвард“ уште пред да ги заврши последните испити. Уште пред да почне да оди на колеџ станал милионер.

Дошол во САД да учи физика на „Харвард“ во 2009 година. Но по една година го напуштил „Харвард“ и ја основал „Страјп“. Првпат се појавил во јавност во 2011 година. Целта на неговата компанија е да се поедностави начинот на кој бизнисите ги прифаќаат онлајн-трансакциите, дозволувајќи им да го интегрираат процесот на плаќање на своите веб-страници, наместо да ги тера корисниците да се регистрираат и да прават профил секој пат.

фото извор: Bloomberg

Неговото богатство постојано се зголемувало. Денес, компанијата има 750 вработени и седиштето е во Сан Франциско. Мајк Мориц, член на управниот одбор во компанијата, изјавил дека браќата Колисон се многу скромни, за разлика од другите влијателни лица во технолошкиот свет.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот