X
 20.01.2018 Технологија

Дали ова е изгубениот прототип на „нинтендо плејстејшн“?

nintendo
Фото: Reddit

Во текот на летото 1991 година „Сони“ најави дека планира да создаде уреди за играње видеоигри и тоа во соработка со „Нинтендо“, па планираат во продажба да го пуштат уредот „нинтендо плејстејшн“.

Овој уред никогаш не се појави на пазарот, но по 24 години прототип од уредот се појави на „Редит“.

До соработка меѓу „Сони“ и „Нинтендо“ не дошло бидејќи „Нинтендо“ одлучил да преговара со „Филипс“, за на крај „Сони“ сам да го развие „плејстејшнот“.

2
Фото: Reddit

Иако сè уште никој од „Нинтендо“ и од „Сони“ не потврдува дали станува збор за еден од тие прототипови, некои експерти тврдат дека уредот одговара на тоа што било најавено во летото 1991 година.

„Татко ми работеше за една компанија и соработуваше со еден човек, мислам дека се викаше Олаф. Кога компанијата банкротира, тој го пронајде уредот во една кутија со ѓубре што мислел да ја фрли“, вели корисник на „Редит“. Инаку, претседателот на „Сони“ се вика Олаф Олафсон и токму тој ја најавил соработката меѓу „Сони“ и „Нинтендо“ во 1991 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија