X
 12.07.2016 Култура

Што го одбележа овогодинешното Европското фудбалско првенство 2016?

Очекувавме повеќе од овогодинешното Европско фудбалско првенство. Португалија е шампион, Французите и останатиот дел од Европа се во солзи, а ние ви ги издвојуваме работите кои го одбележаа.

 


Малите нации растурија

Велс и Исланд беа најпријатното изненадување на ова првенство. И Унгарија навистина изненади, Северна Ирска беше цврста, но Велс и Исланд - вистински ѕверозви.

Особено Велс кој последен пат учествуваше на голем настан во 1958 година во Шведска. Не беше само Герет Бејл движечка сила на овој тим, туку и Хал Робсон Кан кој на Европското дојде без клуб откако му истекол договорот во Рединг. Тој покажа дека знае да игра фудбал, и веројатно сега му нудат доста понуди - тој го постигна и официјално најдобриот гол на првенството против Белгија.

Исланд исто така ги освои срцата на навивачите ширум светот, особено после победата над Англија. Нинвото викиншко навивање на стадионите но и во домовите во видео форма го заобиколи светот. Се надеваме дека ова е почеток на раѓањето на нова фудбалска веле-сила.

За жал Велс налета на Португалија, а Исланд на Франција и заврши нивниот евро-сон.

Докажувањето на квалитетот на некои играчи и некои нови ѕвезди

Италијанците беа несреќни во пеналите со Германците, но квалитетно се претставија на првенството, а Бонучи покажа дека е еден од најпотценетите одбранбен играч на светот бидејќи медиумите почесто го споменуваат Варан. Но ова повеќе не е така и се чини дека Сити и Челзи го сакаат и не прашуваат за цена.

⚽️✌🏽️

A photo posted by RS35 OFICIAL (@renatosanches35) on


Ренато Санчес е веќе во Баерн, а нема ни 19 години. Тој е најмладиот освојувач на Европското.

Гризман беше неверојатен играч и пред Европското, но сега го докажа својот статус.

Умтити веќе потпиша за Барселона.

Кимик во Германија квалитетно го замени Ховедес во почетната постава, а унгарскиот играч од средниот ред Нагуа го сака англискиот првак Лестер после неговата квалитетна игра на Европското.

Веројатно не споменавме ни половина играчи кои не' воодушевија, меѓутоа овие се и тоа како вредни да се споменат.

Обединета Франција


 

Во ноември, пријателскиот натпревар меѓу Франција и Германија беше прекинат поради терористички напади, а цела Европа сочувствуваше со Париз. Франција имаше проблеми и од внатре. Париз го тресеа протести во врска со новите закони за работни односи. Но, кога започна Европското првенство сите сакаа францускиот тим да ја освои титутлата дома. Не им успеа, но беа близу.


Иднината на Португалија?


🏆✌️🇵🇹

A photo posted by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

 

Не сме сигурни дали Португалците ова ќе успеат да го повторат, но видовме идна светска класа во развој - Ренато Санчез. Само големата машина како што е Баерн да не го уништи.


Избледнуваат ѕвездите


Last training in Evian before #gerfra #diemannschaft #euro2016 #esmuellert #firstneverfollows

A photo posted by Thomas Müller (@esmuellert) on

 

Манџукиќ не успеа да пронајде ритам. Ибрахимович повеќе зборуваше отколку што играше. Томас Милер на две светски првенства стави 10 голови, а на две европски апсолутно ништо. Белгијците се втори на листата на светски репрезентации на Фифа, но не го докажаа тоа. Поголемиот дел од ѕвездите не воодушевија, меѓутоа сакаме повторно да видиме како овие играчи растураат.


Надвор од теренот

Anthems in the @eiffelparis fan zone. 👌 #PORFRA #EURO2016

A photo posted by UEFA EURO 2016 (@uefaeuro) on

 

Иако некои навивачи навистина беа бела светла точка (како Ирците кои не' воодушевија сите) некои навивачи предизвикаа материјална, физичка и емотивна штета. Тука спаѓаат Хрватите кои покажаа дека не заслужуваат да се присутни на стадионите. После нив се Русите кои дури и ги снимале своите навивачки подвизи за да се прослават на интернет, а нивниот конфликт со Англичаните го одбележа почетокот на Европското. Во текот на цело Европско слушавме за насилството, испадите, конфликтите со полицијата, па токму поради тоа мило ни е што Европското конечно заврши.


Релативно малку голови


Не сме сигурни дали станува збор за добра одбрана или лоши напаѓачи, но оваа година имаше малку голови. Особено во првите полувремиња на натпреварите на кои поголемиот дел од времето заспивавме. Од друга страна, се чини дека уживавме во возбудливите завршни минути кога дури 19 натпревари беа решени после 85-та минута.

На овогодинешното Европско дадени се 107 голови, што е најмалта бројка во последните 20 години. Оваа бројка има уште поголема тежина ако земеме во предвид дека оваа година имавме повеќе натпревари отколку било кое друго Европско. Немаше ниту некои големи резултатски победи освен Франција против Исланд 5:2 и Белгија против Унгарија 4:0. Очекуваме наредното да биде подобро.

Премногу тимови на првенството

Убаво е што целата територија на Велика Британија конечно успеа да учествува на Европското и тоа што Албанија можеше да ѝ се спротистави на Швајцарија, меѓутоа имаше премногу тимови и средби кои не ги интересираа голем број љубители на фудбалот. Благодарение на измените на системот на првенството, Португалија успеа да ги помине групие без ниту една победа - сите три натпревари ги одигра нерешено.

Сакаме УЕФА да се врати на 16 тимови, бидејќи таквото првенство ќе биде полесно за следење и поинтересно за гледање - а грешките нема да бидат толку лесни за простување.

Кои се шансите тоа да се случи? Доста мали. Се чини дека на УЕФА ваквите услови ѝ годат. Повеќе натпревари, повеќе реклами, повеќе навивачи и секако, повеќе пари.

Трагичната Англија останува трагична


The 🔚. _______ #England #Hodgson

A photo posted by UEFA EURO 2016 (@uefaeuro) on

 

Гери Линекер изјави дека поразот на Англија од Исланд е најлошиот пораз во историјата. После лошата претстава на Англија на Светското во Бразил, Англичаните се надеваа на подобро издание на овогодинешното Европско, но ништо од тоа. Исландските викинзи за брзо време ги уништија.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура