X
 05.09.2018 Живот

„Гугл“ полни 20 години - работи што малкумина ги знаат

Компанијата што ја дефинира ерата на интернетот еволуира од академски проект започнат од Лери Пејџ и Сергеј Брин. Во 1995 година студентите на Универзитетот „Стенфорд“ биле заинтересирани за математичките својства на www и тоа бил главниот фокус на нивниот главен академски труд.

Следната година тие го создале интернет-пребарувачот „google.stanford.edu“ и на 4 септември 1998 година го лансирале. Постојат многу работи што не ги знаете за компанијата што доминира со интернет-пребарувањето, дигиталното рекламирање, технолошкиот софтвер и хардверот.

Вашите пребарувања може да ви овозможат работа


Во минатото „Гугл“ активно ги регрутираше новите работници преку нешто наречено „Foo.bar“ што ги известува за потенцијални нови вработувања врз основа на пребарувањата на „Гугл“. Системот се активира кога корисникот влегува во одредени термини за пребарување што се поврзани со јазиците за кодирање на „Питон“ и „Јава“. Страницата за пребарување резултати се отвора и ви ја открива пораката: - Го зборувате нашиот јазик. Дали сте за предизвик?

Личноста може да одбие или да кликне: - Сакам да играм. Доколку се заинтересирани, тие прифаќаат предизвик за кодирање што вклучува повеќе нивоа за решавање на проблемите и се потребни неколку дена. На крај, може да ви биде понудена работа во „Гугл“.

Играта што се крие во „Гугл Имиџис“

атари

Ова е прилично брилијантно и е добра забава додека сте на работа, а немате никаква обврска. Станува збор за играта „Атари Брејкаут“ на „Гугл Имиџис“. Пребарајте ја играта и автоматски ќе бидете префрлени во неа.

На „Гугл“ им ги откриваме нашите најдлабоки сексуални несигурности

На „Гугл“ пребаруваме различни видови прашања. Но, го пребаруваме „Гугл“ и тогаш кога сакаме да откриеме дали нашите односи и несигурности се нормални. Пребарувањата за „брак без секс“ се три и пол пати почести отколку „несреќен брак“.

Постојат 16 пати повеќе жалби за тоа дека брачниот другар не сака сексуален однос отколку дека брачниот партнер не сака да зборува, а мажите се главните виновници. Има двапати повеќе поплаки дека момчето не сака да има секс со девојката.

Компанијата користи кози наместо косилки за тревата

кози

Седиштето на „Гугл“ во Маунтин Вју, Калифорнија, е прилично огромно за управување, па за околните тревници „Гугл“ ангажира гладни кози. Во 2009 година компанијата објави блог-пост со детали за тоа како вработила стадо од околу 200 кози за тревата околу својот кампус.

- Оваа пролет решивме да одиме со ниско-јаглероден пристап. Наместо да употребуваме бучни косилки што работат на бензин и го загадуваат воздухот, изнајмивме кози за да ја завршат работата. Нѐ чинеше исто колку и косењето, а козите се многу послатки отколку луѓето што косат - велат од компанијата.

„Гугл“ не бил првиот веб-пребарувач

3

Не мора да бидете први, само бидете подобри. Кога „Гугл“ бил лансиран, имало многу други веб-пребарувачи, како „Алта Виста“, „Аск Џивс“, „Јаху“ и други, меѓутоа, „Гугл“ имал многу подобар квалитет.

Денес, компанијата доминира насекаде низ светот, освен во Русија, каде што се натпреварува со локалниот „Јандекс“, и во Кина, каде што „Баиду“ има најголем удел на пазарот.

Компанијата го следи секој ваш чекор

Компанијата се потпира на знаењето каде одите и што правите за подобро да ве таргетира со реклами. Услугите на „Гугл“ на андроид-уредите ги складираат податоците за вашата локација, дури и ако сте користеле поставка за приватност со која „Гугл“ се спречува да го направи тоа.

„Гугл“ ви овозможува да го истражувате универзумот

nebo

„Гугл Скај“ ви овозможува да бидете вселенски патник зад вашиот лаптоп - тоа е слично како „Гугл Мапс“, само за вселената.

Онлајн-услугата користи слики од телескопот „Хабл“ и од сателитите на НАСА за да го истражувате универзумот.

Вработените имаат одлични бенефиции во случај на смрт


Постојат многу бенефиции за оние што работат во „Гугл“ и тие не застануваат и по смртта. Ако почине вработен кој работел во компанијата, тогаш неговиот брачен другар и во иднина ќе добива компензација, односно 50 отсто од платата во период од една деценија по починувањето на партнерот.

Компанијата го добила името по математички термин


Станува збор за математичкиот термин „гоогол“. Ова име му било дадено на бројот што започнува со една и потоа е проследен со 100 нули. Го избрале името затоа што сакале да создадат пребарувач што ќе обезбеди големи количини информации.

Можете да преведете симболи цртајќи ги

simbol

Ако одите на „Гугл Транслејт“, постои опција каде што рачно можете да нацртате симболи, како кинески или арапски знаци, што ќе бидат преведени на англиски.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот