X
 15.07.2016 Живот

Човекот кој се пробудил од кома со туѓи спомени

меморија

 

Поголемиот дел од времето, кога нашата меморија е во конфликт со реалноста, тоа се гледа најчесто во малите нешта: вашите клучеви некако стигнале на под, а вие совршено се сеќавате дека сте ги оставиле на маса. Или вашиот пријател инсистира дека стигнала на време кога се појави во 9 часот, иако вие точно помните дека сте се договориле во 8.30.



Но, не многу често нашата меморија и реалноста се судираат во поголеми и подраматични начини. Во истражување од 2015 година, психолозите успеале да ги убедат луѓето дека извршиле тешки кривични дела додека биле тинејџери, терајќи ги да се сетат на детали како на пример оружјето кое го користеле. На ист начин очевидците на настанот можат да бидат притиснати да опишат и да се сетат на работи кои всушност не ги виделе.

Меѓутоа, досега не се случило некој човек да се разбуди од кома и да има сосема друга меморија. Токму ова му се случило на Британецот Алфа Кабеја, кој се пробудил од кома со јасно сеќавање за нешта кои никогаш не му се случиле.

Кабеја возел со неговиот велосипед кога го удрило комбе со огромна сила. Кога тој се пробудил од медицински индуцирана кома, три недели подоцна, докторите го предупредиле семејството дека тој можеби нема да се сеќава на ништо пред несреќата или може да не се сеќава кој е тој. Со други зборови, имало огромна можност да страда од амнезија. Меѓутоа, Кабеја се пробудил со спомени.

Тој се сетил дека одел да ја види неговата девојка, дека таа е бремена со близнаци. Исто така, тој се сетил дека ја ставил фотографијата од ултразвукот во неговиот дневник, истиот што го користел за да ги пишува идеите за песните и неговите мисли; тој постојано ги прашувал медицинските сестри дали го виделе неговиот дневник. Тој се сетил и на имињата кои ги избрале за близнаците - Скај и Никита. Исто така, се сетил дека на денот на несреќата, тој одел во станот на неговата девојка, а се враќал од интервју за работа - помошник директор за операции на MI6, а разговарал со Мајкл Мичелс, велејќи дека интервјуто поминало одлично. И се сетил дека има мал приватен авион.

Единствениот проблем бил тоа што ниту еден од овие спомени не биле вистинити. Последиците од несреќата предизвикале Кабеја да има нови сеќавања, па така неговите пријатели и неговото семејство го прифатиле тоа и „глумеле“. Меѓутоа не постоела бременост. Не постоел приватен авион ниту интервју за работа; Кабаја сето ова го сфатил откако се јавил во MI6 и открил дека нивните канцеларии не работеле на денот на несреќата.

Меѓутоа Кабеја и претходно се соочувал со слични мемории, па така тој верувал дека неговата потсвест вистинските информации ги претворала во нови форми.

Голем број од неговите пријатели и колеги имале деца. Близнаци имало во неговото семејство, и секако, тој имал девојка; тој само еднаш аплицирал за работа во MI6, неколку години пред несреќата, а неодамна гледал филм во кој се наоѓал авионот за кој тој мислел дека го поседува. Оставајќи го настрана прашањето дали потсвеста е корисен психолошки концепт, блоковите во фиктивните спомени на Кабеја биле сигурно некаде во неговата глава.

Мозокот на Кабеја едноставно оди чекор понатаму отколку нашиот, кога се сеќаваме на делови од минатото. Ниту една автобиографска меморија не е фиксна, мемориите се променливи, менувајќи се секој пат кога се обидуваме да се сетиме на нив, за да ги приспособат новите информации кои се зачувани во другите места во мозокот. Понекогаш тоа значи мали измени; друг пат, значи дека сме оставени со сеќавања кои другите ги гледаат како целосна измислица. Дури и луѓето со исклучителна способност за сеќавање се склони кон ненамерно измислување, велат истражувачите.

Лажните сеќавања на Кабаја може да се обид да се создаде некаква смисла од долгата празнина кога тој бил во несвест во болницата - без вистински сеќавања во текот на тој временски период неговиот мозок едноставно може да извлече други спомени од друго место за да надомести во изгубените недели. Кога ќе се пробудите, вашиот мозок се обидува повторно да ги поврзе деловите бидејќи мозокот се обидува да го врати чувството за вас, чувството на меморија и чувството на историја. И во тој процес на обновување и опоравување, можете да создадете врски на фантастичен начин и невозможен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот