X
 19.09.2019 Здравје

Нова библија за здравата исхрана: Кафето ги обновува матичните клетки, мангото ги зајакнува коските, а пивото ги чисти артериите

Д-р Вилијам В. Ли, научник од „Харвард“, детално проучувал повеќе од 30 години медицински истражувања и повеќе од 700 научни студии поврзани со храната и болестите за да докаже дека одредени соединенија во храната се природен штит од најтешките болести на денешницата и дека храната може да биде лек.

Јаболкото, виното, кафето, чоколадото, киселата зелка, лененото семе - д-р Ли од истражувањата ги извлекол корисните функции од голем број намирници. Тој е убеден дека најмоќниот начин да се победи болеста - од рак до деменција - е превенцијата. Своите резултати ги поделил во пет категории: имунолошки систем, ДНК, желудочни бактерии, крвни садови и матични клетки, а неговите револуционерни откритија докажуваат дека храната може да влијае врз повеќе од 70 болести, вклучувајќи ги ракот, дијабетесот, слепилото, срцевите заболувања и дебелината.

zdravje

Своите наоди ги собрал во неговата нова книга: „Јади за да ја победиш болеста: Новата наука за тоа како вашето тело може само да се излекува“. Тој тврди дека можеме да ги избереме токму оние намирници што ќе бидат поддршка за одредени функции на организмот.

- Што се однесува до исхраната, треба да се јаде што повеќе непреработени зеленчук и овошје богати со неопходните витамини и минерали, млеко и млечни производи, но да се избегнуваат оние со висок процент на маснотии. Треба да се избегнува висококалорична храна и храна богата со концентрирани јаглехидрати. Внимателно и добро избраната исхрана навистина може да го спречи развојот на низа болести или може да ги ублажи ако веќе се појавиле - велат експертите.

- Според учењето на Хипократ, што се поклопува со верувањето на античките Египќани, варењето игра важна улога во одржувањето на здравјето, а храната на болното лице понекогаш е поважна од самиот лек. Позната е и често повторуваната Хипократова изјава: „Нека твојата храна биде твој лек, а твојот лек нека биде твојата храна“. Голем број денешни светски научници за исхрана и здравје се согласуваат со тврдењето на Хипократ и нагласуваат дека храната е најзначајниот лек на 21 век - истакнува хрватската нутриционистка Милена Мариќ.

Погрешно е да се мисли дека зеленчукот и овошјето се единствената здрава храна. Како златен стандард на исхрана во нашиот регион се нуди медитеранската исхрана, што превентивно дејствува врз здравјето и обезбедува долговечност.

- Токму главните карактеристики на медитеранската храна се доволен внес на протеини, ограничен внес на заситени масни киселини, зголемен внес на сложени јаглехидрати, мешунки и житарки, доволен внес на свежо овошје и зеленчук, консумирање маслиново масло, поголемо консумирање зачини, правилно распоредување на оброците.

Значи, препорачливо е да јадете што е можно повеќе овошје и зеленчук, но и лесни салати, пилешко, мисиркино месо, риба, свежо исцедени сокови и вода за да му обезбедите на организмот сè што е потребно затоа што консумирањето само овошје и зеленчук не е доволно за рамнотежа во нашето тело - истакнува Мариќ.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје