X
 17.07.2016 Живот

Анализа: Тероризмот и терористичките напади во светот

Teроризмот обично се сфаќа како користење на закана или насилство за одредена политичка цел. Користењето на тероризмот за понатамшни политички цели во голема мера дојде после Втората светска војна со појавата на националистичките движења во старите империи на европските сили. Терористичките групи прават пресметани одлуки за терористички напади, и тероризмот е логичен избор.

 

napadi


Според глобалниот индекс на тероризам за 2014 година, Ирак беше земја во која се случиле најголем број на терористички напади, со добиена оценка 10. Веднаш после неа се Авганистан, Нигерија, Пакистан, Сирија, Индија, Јемен, Сомалија, Либија и Тајланд со кој завршуваат топ 10-те земји со највисока оценка на терористички напади.

Уште од почетокот на 21-от век, бројот на смртни случаи од терористички напади се искачи од 3.329 во 2000 година на 32.685 во 2014 година.

Според податоците од 2016 година, Франција се најде меѓу 40-те земји низ светот каде опасноста од тероризам е рангирана на високо ниво. Другите земји во кои тероризмот се смета за висока закана се Турција и Белгија. Сепак, тероризмот останува високо концентриран во петте земји - Ирак, Нигерија, Авганистан, Пакистан и Сирија. Во овие земји се случиле над 78% од терористичките напади во 2014 година.

Меѓутоа, луѓето како да ги игнорираат нападите надвор од западниот свет. Изминатава година, од самиот почеток на 2016 година се случиле вкупно 97 терористички инциденти од кои повеќе од половина се случиле во Ирак, Авганисттан, Јемен, Сирија... Само во Ирак, двете огромни експлозии од бомби убиле над 100 луѓе, додека терористичкиот масакр на 16 јануари уби над 300 луѓе во сирискиот град Деир ал-Зор, додека повеќе од 400 биле киднапирани.

Во февруари, најголемиот терористички напад се случил во Мосул, Ирак кога Исламската држава убила повеќе од 300 луѓе меѓу кои имало полицајци, војници и цивилни активисти.

Во март, бомбаш самоубиец во најголемиот парк во Лахор, Пакистан убил повеќе од 72 луѓе, меѓу кои 29 деца, а над 200 луѓе биле повредени. Целта на нападот биле христијани кои го прославувале Велигден.

Во април се случи уште еден масакр со над 170 загинати лица кога членовите на Исламска држава убиле 175 од 300-те киднапирани работници во главниот град на Сирија, Дамаск, додека во Иран биле убиени над 250 жени од војниците на Исламска држава бидејќи одбиле да бидат нивни робови за секс.

Во мај, во масовниот геноцид спроведен од ИСИС биле откриени повеќе од 160 луѓе во 50-тина масовни гробови во Рамади, Ирак. Исто така, во Сирија над 180 луѓе биле убиени и најмалку 200 ранеи во серија на автомоблиски бомби и самоубиствени напади во градовите Јаблех и Тартус.

Во јуни, во Сирија биле убиени над 40 лица, додека Боко Харам во Босо, Нигер убил над 32 лица, а 67 лица биле повредени. Во Ирак биле пронајдени над 400 тела на војници со прострелни рани.

Овој месец, во Багдад, Ирак најмалку 308 луѓе биле убиени и 246 повредени после експлозија на автомобил со бомба на сред пазар.

Земјите со најголем број терористички напади

 

3


Според Индексот за глобален тероризам 2015, Ирак и Нигерија се земјите во кои се случиле 53% од смртните случаи предизвикани  од тероризмот. Нивото на смртни случаи во Ирак е највисоко некогаш забележано. Во 2014 година, во Ирак имало три пати повеќе смртни случаи од тероризам отколку во целиот свет во 2000 година.

Исто така, Ирак и Нигерија се земјите во кои се наоѓаат најсмртоносните терористички групи. Во 2014 година, 50% од терористичките напади биле предизвикани или од ИСИС или од Боко Харам.

Причините поради кои се појавува тероризмот


Постојат три главни фактори поврзани со тероризмот:

- Поголеми социјални непријателства меѓу различните етнички, религиозни и јазични групи и недостаток на групна кохезија.

- Присуство на државно спонзорирано насилство како политички терор и кршење на човекови права.

- Високите нивоа на други форми на насилство вклучувајќи смртни случаи од организиран конфликт, веројатноста за појава на насилни демонстрации, нивоа на насилен криминал и слично.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот