X
 26.11.2015 Живот

Кој кого подржува во граѓанската војна во Сирија?

Соборувањето на рускиот бомбардер од страна на Турција ја нагласува мрежата на земји и вооружените групи кои се сојузници во различни фракции во Сирија. Сега сето тоа е совршено прикажано на една мапа.

Со соборувањето на рускиот бомбардер од Турција, за кој Турција „се правда“ дека Русија навлегла во воздушниот простор во близина на Сирија и ги игнорирала повторените предупредувања да го промени курсот, ја нагласува оваа комплицирана мрежа на земјите и вооружените групи кои се борат и се поддржуваат еден со друг во Сирија.

Нападот на рускиот авион од Турција е првиот директен воен судир меѓу Русија и членка на НАТО после Студената војна. А сепак, членките на НАТО и Русија наводно имаат иста цел - поразување на ИСИС, која ја презеде одговорноста за рушење на рускиот патнички авион над Синајскиот Полуостров овој месец, авионска несреќа во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

Но, секој потенцијал за соработка меѓу Русија и НАТО членките како Турција, Америка и Канада е поткопана од руската поддршка на сирискиот диктатор Башар ал-Асад и навиката на Москва да ги бомбардира опозициските групи кои се обидуваат да го отстранат - а некои од нив се поддржани од Америка и сојузници како Саудиска Арабија. Со цел да имате појасна слика за оваа комплицирана ситуација, погледнете ја мапата подолу и видете кој  кого поддржува.

 

мапа

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот