X
 18.07.2016 Технологија

Зошто тастатурите кај мобилните и дигитроните се поставени обратно?

Повеќето луѓе ја немаат забележано големата разлика помеѓу тастатура на мобилен телефон и на дигитрон, односно на компјутерска тастатура.


И едната и другата имаат исти 10 цифри и се целосно различно поставени. Единствена цифра која е на истото место е петката. Лесно е да се заборави дека телефоните не секогаш имале тастатури, туку бројчаници.

Делува чудно бидејќи кога телефоните преминале од бројчаници во тастатури, не земале постоечки систем кој се користел на калкулаторите.

Сепак, кога компанијата „Бел Лабс“ развивале прва тастатура за телефон, испробале бројни начини на кои се поставени цифрите додека не ја пронашле најдобрата. Откриле дека е најлесно за користење систем кој почнува со 1 - 2 - 3 во горниот ред. Оваа тастатура има и уште една функција која дигитронот ја нема, односно пишување текст, и има смисла буквите да почнуваат од врвот.

Зошто дигитроните не почнале со цифрите од горниот ред?

Одговор од главните произведувачи на калкулатори сеуште нема. Едноставно работеле како што биле навикнати.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија