X
 16.05.2017 Технологија

Начинот на кој типкаме букви на тастатурата открива многу за личноста

Истражувачот Леон Екарт креирал софтвер кој со анализа на начинот на кој типкаме букви на тастатурата, може да дојде до заклучок за личноста која пишува. И не само тоа - тој систем може да открие и какви емоции има личноста во моментот на пишувањето.


Овој софтвер за сега можат да го користат само хај-тек гигантите како „Facebook“ и „Google“, кои имаат огромни бази на податоци на располагање.

Екарт направил систем кој препознава ритам и брзина со која некој притиска на копчињата на тастатурата. Потребно е корисникот да ја внесе три пати истата реченица, по што софтверот креира профил со статистики за начинот на типкање, како што е траењето на секое внесување на буквите или временската разлика помеѓу две напишани букви.

Се наведува дека се потребни само две секунди за тој софтвер да го препознае оној кој е впишаниот корисник кој во моментот пишува на тастатурата.

Прецизноста со која оваа програма ги препознава чувствата на оној кој ја користи тастатурата е 85 проценти, но како то тврдат научниците, се продолжува со усовршување на тој дел од софтверот.
Подготвил: Маја Пероска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија