X
 05.09.2016 Технологија

Кратенка на тастатурата која сигурно ќе ви затреба

Често се случува додека пребаруваме на интернет ненамерно да затвориме таб од пребарувачот. Веројатно повеќето ќе се обидат да го бараат линкот во историјата на пребарувачот со што би изгубиле дополнително неколку минути.

тастатура


Сепак, постои начин со кој за многу кратко време и со едноставен потег можете да го вратите табот што случајно сте го затвориле, а сé уште ви е потребен. Добро запомнете ја оваа кратенка. Би ви била многу корисна во иднина:

Истовремено притискање на Сtrl + Shift + T го враќа изгубениот таб во пребарувачот.

Lifehacker пишува дека вака може да вратите најмногу 10 последни табови. Кратенката може да се користи на повеќе пребарувачи: Mozilla Firefox, Internet Explorer и Google Chrome.

Ако користите Mac компјутери, кратенката е Command + Shift + 1.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија