X
 02.08.2016 Култура

Зошто буквите на тастатурата не се распоредени по азбучен ред?

тастатура

 

За некои работи кои ги користиме секој ден никогаш не се имаме запрашано зошто всушност тие постојат во формата во која ги користиме. На пример тастатурата која се наоѓа пред нас и ја користиме постојано започнува со буквите QWERTY. Дали некогаш сте се запрашале зошто буквите се подредени по тој распоред, а не по азбучен ред?


Распоредот на буквите на модерните тастатури е преземен од старите машини за пишување. Првите машини за пишување биле измислени во 1860 година. Кај нив распоредот на копчињата бил подреден во форма на клавир, додека буквите биле подредени по азбучен ред. Интересно е тоа што пишувањето на таква тастатура било побрзо. Буквите кои најчесто се користат биле доста блиску едни до други така што пишувањето било олеснето, а се користеле и помалку прсти. Проблемот бил во тоа што дактилографите пишувале толку брзо што доведувало до расипување и заглавување на често користените копчиња.

Првата тастатура која започнувала со буквите QWERTY била направена во средината на 1870 година од страна на еден од создавачите на машини за пишување Кристофер Латам Шолс. Новиот распоред на буквите служел за често користените букви да се разделат со што би се намалиле механичките дефекти. Со новиот распоред на буквите корисниците во пишувањето би користеле повеќе прсти, а најчесто употребуваните букви барале користење и на трет прст од раката. На тој начин пишувањето се забавило.

Во распоредот на буквите вметнал и нешто негово, со што во првиот ред се наоѓаат сите потребни букви за да го напишете англискиот збор: TYPEWRITER.

Постои и друга теорија за овој распоред на буквите. Имено, двајца јапонски истражувачи тврдат дека ваквиот распоред на копчиња е поради Морзеовата азбука. Според нив претходниот начин на поставеност на копчињата кој често бил користен од страна на компаниите за телеграми бил многу збунувачки при дешифрирањето на Морзеовата азбука.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура